Втора лигаФудбал

Тетекс се враќа дома – „Градскиот стадион“ повторно нивен дом!

Сподели
ФОТО: ФК Тетекс
Сподели

По години на неизвесност и „проштални“ натпревари на други терени, фудбалскиот клуб Тетекс конечно се враќа таму каде што отсекогаш припаѓал – на Градскиот стадион во Тетово.

Клубот преку официјалните канали потврди дека претстојниот натпревар против Слога Виница ќе се одигра во вистинскиот дом на „штофарите“. За љубителите на фудбалот во Тетово ова е повеќе од обична вест – тоа е враќање на една традиција, емоција и спортска историја.

Во изминатите години, Тетекс се соочуваше со бројни проблеми и несогласувања околу користењето на стадионот, особено со Шкендија и локалните власти, поради што беше принуден да игра на алтернативни терени. Сега, ситуацијата конечно изгледа решена, а клубот е подготвен да ја врати старата магија.

Очекувањата се големи. Од управата на клубот повикуваат сите тетовчани – млади и стари, вистински вљубеници во фудбалот – да го исполнат Градски и да создадат атмосфера каква што одамна недостасуваше.

„Ова е само почеток,“ порачуваат од клубот, најавувајќи дека враќањето дома е првиот чекор кон нови победи, нови успеси и подобра иднина за Тетекс.

Во недела, Тетово повторно ќе живее за фудбалот – а „Југ“ повторно ќе одекнува.

Сподели

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

„Аџибадем Систина“ официјален медицински партнер на македонската фудбалска репрезентација

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ и Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) склучија договор за спонзорство и соработка, со кој болницата станува официјален медицински партнер...

Фудбал

Подобри услови за фудбал во Гостивар: Дополнителни рефлектори поставени на теренот со вештачка трева

Фудбалот во Гостивар добива подобри услови за работа и одржување на натпревари, откако на теренот со вештачка трева беа поставени дополнителни рефлектори. Од...

Поврзани написи
Фудбал

Подобри услови за фудбал во Гостивар: Дополнителни рефлектори поставени на теренот со вештачка трева

Фудбалот во Гостивар добива подобри услови за работа и одржување на натпревари,...

Прва лигаФудбал

Шкендија лидер, Брегалница скокна на шестото место, Силекс седми, Скопје на дното

Вчера во Штип беше комплетирано осмото коло од Првата македонска фудбалска лига,...

Втора лигаФудбал

Голем влог во Радовиш и Тетово: Кој ќе слави и кој ќе направи скок на табелата?

Денес ќе биде комплетирано второто коло во Втората македонска фудбалска лига со...

Прва лигаФудбал

Брегалница се врати на победите: Глигоров погоди за 1:0 против Скопје

Брегалница се врати на победнички патеки со минимален триумф од 1:0 против...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!