Втора лигаФудбал

Свеченост во чест на легендата Петар Андреев пред дербито Беласица – Детонит Плачковица

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Фудбалот во Струмица во недела повторно ќе добие празнична нота. Пред почетокот на натпреварот од 4. коло во Втората лига помеѓу Беласица и Детонит Плачковица од Радовиш, под рефлекторите на „Благој Истатов“, клубот ќе организира свеченост во чест на најголемата жива играчка легенда – Петар Андреев.

Од името на Беласица, претседателот на клубот Славчо Васков – Пинда ќе му додели плакета и врамен дрес со неговото име и бројот на настапи. Андреев е вистински симбол и икона на струмичкиот фудбал, со неверојатни 22 сезони и рекордни 555 лигашки натпревари за „плаво-белите“, во кои постигна 50 погодоци и се вброи меѓу најдобрите стрелци во историјата на клубот.

Дебитант на 17-годишна возраст против Балкан во Скопје, Андреев беше и прв капитен на Беласица во независна Македонија, а во премиерната сезона се запиша и меѓу најдобрите стрелци. Последниот натпревар го одигра во 1995 година против Саса, а една година подоцна му беше организиран и опроштален меч со белградски Партизан. По крајот на играчката кариера, ја продолжи својата посветеност кон клубот како тренер во младинските категории.

Неделната вечер во Струмица нема да биде само натпревар за бодови во Втората лига, туку и момент на сеќавање и почит кон човек кој ја симболизира верноста и љубовта кон Беласица. Публиката ќе има можност да му аплаудира на великанот Андреев и потоа да ужива во дербито против Детонит Плачковица.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Гаје: Мора да ги искористиме шансите и да ја сочуваме мрежата

Шкендија на домашен терен го пречекува големиот ривал Вардар во дерби-пресметка во која тетовци ќе атакуваат на нови три бода. Шкендија посакува да...

Прва лигаФудбал

Шкендија – Вардар: големо дерби во Гостивар, битка за бодови и престиж

Македонскиот фудбал денеска носи едно од најинтересните соочувања во домашното првенство. Шкендија и Вардар ќе ги одмерат силите во дербито од Првата македонска...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Гаје: Мора да ги искористиме шансите и да ја сочуваме мрежата

Шкендија на домашен терен го пречекува големиот ривал Вардар во дерби-пресметка во...

Прва лигаФудбал

Шкендија – Вардар: големо дерби во Гостивар, битка за бодови и престиж

Македонскиот фудбал денеска носи едно од најинтересните соочувања во домашното првенство. Шкендија...

Прва лигаФудбал

Шабани: Го респектираме противникот, но нашата цел се нови три бода

Струга Трим Лум им се врати на победите во минатото коло, а...

Прва лигаФудбал

Ангелов: Време е да ставиме крај на негативната серија, време е за победи

Фудбалерите на ФК Скопје се во лоша резултатска низа, но не потклекнуваат...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!