Втора лигаФудбал

Кочоски: Бевме брзоплети во завршницата од нападите, против Осогово одиме на победа!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Ромео Кочоски, тренер на Охрид
Сподели

Охрид загуби на тешкото гостување кај тимот на Шкендија Арачиново од 2. коло на Втората македонска фудбалска лига, откако загуби преку пресврт со 2:1 и останува и натаму без сезонско славје.

Младиот тренер на Охрид, Ромео Кочоски зборуваше за натпреварот со Шкендија Арачиново, а во изјавата за Спортска Мрежа истакна дека добро го отвориле натпреварот, но вели дека биле брзоплети во завршницата на нападите.

„Добро го отворивме натпреварот и дојдовме до рано водство. После имавме две три добри прилики за да ја дуплираме предноста, но бевме брзоплети во завршницата од нападите. После тоа натпреварот отиде во тек каде што повеќе му одговараше на домаќинот и подобро се снајде и не казни“, ни изјави Кочоски.

Како што велиот младиот стратег Охрид веќе против Осогово на домашен терен ќе има иделана шанса за да се израдува на првата сезонска победа.

„Според мене не заслуживме да заминеме без бод од ова тешко гостување. Не очекува натпреварот со Осогово каде што е време да се радуваме на прва победа во новата сезона“, вели тренерот на Охрид, Ромео Кочоски во изјава за Спортска Мрежа.

Охрид новата сезона ја започна со реми на домашен терен со Беласица откако одигра 1:1, а доживеа пораз од Шкендија Арачиново.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Величков ќе им суди на Шкендија и Брера, Стојанов оди во Струга, Пилешков главен во Кратово

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на трите воведни натпревари...

КупФудбал

Тиверија Брера со „петарда“ до втората Куп титула, Саса немоќна во финалето во Ѓорче Петров!

Тиверија Брера го освои вториот трофеј во Купот на Македонија, откако во...

Втора лигаПрва лигаФудбал

Дисциплинската комисија на ФФМ со строги казни: суспензии за играчи и функционери, поведени повеќе постапки

Дисциплинската комисија при Фудбалска федерација на Македонија донесе повеќе казни и покрена...

Младински фудбалФудбал

Познати се финалистите во Купот на Македонија кај младинците и кадетите

Комплетирани се полуфиналните натпревари во Купот на Македонија во младинските категории, а...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!