Викендот со мечевите од 14. коло завршува есенската полусезона во Првата женска фудбалска лига. Четири средби ќе се одиграат в сабота, а една в недела.
Во 12 часот на Градскиот стадион во Македонска Каменица ќе започне мечот меѓу Каменица Саса и Истатов.
Еден час подоцна ќе стартуваат три натпревари. Тиверија Брера како апсолутен фаворит ќе се соочи со „фенерџијата“ Кочани, Љуботен како апсолутен фаворит ќе игра против Речица и доколку ја оправда истата ќе го потврди првото место и ќе биде есенски шампион.
Во ист термин започнува и мечот во Пржино меѓу шампионот Скопје и Вардар.
Колото се затвара во недела со мечот меѓу Пелистер и Ас Јунајтед, а средбата ќе започне во 13:30 часот.