Втора лигаФудбал

Претпоследното есенско коло на Втората лига ќе се игра во два дена, дербито е на „Билјанини Извори“

Сподели
Сподели

Овој викенд ќе се играат мечевите од 12. коло кое е претпоследно за оваа есенска полусезона, а истото ќе се игра во два дена со шест мечеви в сабота и еден в недела.

Дербито на колото се игра на „Билјанини Извори“ каде лидерот Охрид ќе се соочи со Беласица, трите бодови се капитални за „рибарите“ ако сакаат да бидат есенски шампион, а струмичани на дербито ќе дојдат без тренер откако Раде Цицмиловиќ си поднесе оставка, за што веќе објави Спортска Мрежа.

Осогово нема да право на грешка против последнопласираниот Шкупи и само победа и три бодови се опција во тешката борба за опстанок, од друга страна ланскиот прволигаш ги бара првите бодови и ако загуби и од Осогово кој е негов конкурент за опстанок, тогаш тимот од Чаир е речиси испаднат во Трета лига регион 1.

Работнички ќе има неизвесен меч против Новаци на домашен терен, „романтичарите“ целат на трите бодови со цел да може да ја завршат есенската етапа пред Пелистер и затоа не смеат да погрешат до крајот вклучително и на одложениот меч со Брера. Новаци, пак, гледа момент да дојде до бодови и да ја одржува или пак зголеми бодовната разлика од опасната зона.

Македонија ЃП и Детонит Плачковица ќе одигра дерби од средината на табелата, трите бодови им се важни и на двете екипи во обид да бидат сигурни на средината од табелата, особено за радовишани кои имаат жилава сезона.

Брера Струмица на домашен терен ќе бара експресно враќање на победите по поразот во Радовиш против Кожуф, кој, пак мотивиран по бодот со Пелистер ќе сака нов позитивен резултат против ланскиот прволигаш.



Пелистер не смее да си дозволи никаков „кикс“ против Тетекс, бидејќи уште овој викенд може да заврши на третото место. По ремито во Гевгелија, битолчани само три бода гледаат како успех во мечот со „штофарите“ кои се дополнително мотивирани за оваа дерби во трката за бодови.

Колото се затвара во недела со мечот меѓу Камјани и Еуромилк ГЛ. Домаќинот сака враќање на победите по големиот пораз од лидерот Охрид и со тоа да остане на петтото место, а пак „лисиците“ од Горно Лисиче ќе се обидат да дојдат до бодови во тешката борба за опстанок, нов не успех за нив ќе значи чекор назад и можност да завршат на претпоследното место ако Осогово освои бодови против Шкупи.

Сите натпревари од 12. коло ќе започнат во 13 часот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Нацев: Секој натпревар го играме како дерби, така ќе биде и против Радовиш – не нè интересира бараж, нашата цел е првото место!

Екипата на Македонија ЃП по големата победа над суперлигашот Пролет од 30:40 се подготвува за дуел со уште еден лански суперлигаш – домашен...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Тиверија Брера како апсолутен фаворит против „фенерџијата“ Кочани, Скопје ќе го пречека Вардар

Викендот со мечевите од 14. коло завршува есенската полусезона во Првата женска фудбалска лига. Четири средби ќе се одиграат в сабота, а една...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Лидерот Струга гостува во Штип, дерби на Вардар и Тиквеш, Силекс ќе бара бодови против Шкендија

Репрезентативната пауза заврши, фокусот е на 14. коло од Првата македонска фудбалска...

Втора лигаФудбал

Беласица ќе добие нов тренер, Раде Цицмиловиќ поднесе оставка поради лични причини

Второлигашот Беласица ќе добие нов тренер откако Раде Цицмиловиќ поднесе оставка и...

ФудбалЧетврта лига

Маџари го доби дуелот со Гоце Делчев, Зелениково со пет гола за Ускуп, лидерот Бујковци до три бода

Четири домашни и една гостинска победа го одбележаа осмото коло во Четвртата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!