Ракомет

ЖРК Овче Поле – Славјански Универзитет со подготовки во Претор – со полна мотивација во новата сезона

Сподели
ФОТО: ЖРК Овче Поле – Славјански Универзитет
Сподели

Женскиот ракометен клуб Овче Поле – Славјански Универзитет од Свети Николе активно се подготвува за стартот на новата сезона во Првата женска ракометна лига.

Екипата неколку денови престојуваше во живописниот Претор, каде комбинацијата на утрински тренинзи на свеж воздух и релаксација покрај Преспанското Езеро создаде совршени услови за подигнување на формата и зајакнување на тимскиот дух.

„Ова не се само подготовки – ова е зајакнување на тимската хемија, создавање нови спомени и поставување повисоки цели,“ порачуваат од клубот.

Овче Поле СУ сезонава ќе биде дел од новоформираната Прва женска лига, каде ќе настапат вкупно седум екипи: Шампион, Јехона, Атлетик, Ѓорче Петров 2, Стружанка, Деспина и тимот од Свети Николе.

Првиот предизвик за девојките од Овче Поле СУ ќе биде на домашен терен во Свети Николе, каде во рамки на воведното коло на 5/6 септември ќе ја пречекаат екипата на Ѓорче Петров 2.

Со нови засилувања, свежа енергија тимот во новата сезона ќе атакува за висок пласман и влез во Суперлигата.

Сподели

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

ФОТО: Стадионот во Големо Коњари доби столчиња донација од ФФМ

Стадионот во прилепско Големо Коњари ќе има подобар изглед, откако пристигнаа столчињата кои се донација од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Со оваа...

Втора лигаФудбал

Ивана Пројковска ќе им суди на Камјани и Осогово, Стојанче Стојанов на Пелистер и Брера

Познати судиите кои ќе ја делат правдата на петте натпревари од второто коло на Втората македонска фудбалска лига. Ивана Пројковска ќе им суди...

Поврзани написи
Ракомет

Вардар го скрши отпорот на Нексе и сега го чека директна битка за финале на турнирот во Охрид

Ракометарите на Вардар 1961 стигнаа до втората победа на меморијалниот турнир „Крсте...

Ракомет

Прилеп го совлада Мулти Есенс на „Миле Нешкоски“

Ракометарите на Прилеп продолжуваат во победнички ритам откако на Меморијалниот турнир „Миле...

Ракомет

Војводина со триумф над „фараоните“, Тримо Требње со тесен триумф над Олимпијакос

Нов ден со интересни пресметки на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, на кој...

Ракомет

ВИДЕО: Тиквеш со пресврт до триумф на стартот на „Миле Нешкоски“

Меморијалниот ракометен турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп започна во драматичен стил, со...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!