Турнири

Екстра Скопско пресилен вечерва во Волино, Гранит Х се намачи за важна победа!

Сподели
Сподели

На турнирот „Богородица Куп 2025“ во Волино и вечерва се одиграа четири возбудливи натпревари, кои донесоа многу голови, неизвесност и добра атмосфера.

Кибо пласт – Дооел Ноче 1:3
Екипата на Дооел Ноче дојде до сигурна победа со три погодоци и си обезбеди важни бодови.

Искра – Екстра Скопско 0:3
Искра немаше одговор за расположениот противник, кој доминираше во текот на целиот натпревар.

Гранит Х – Блу Фиш 3:2
Еден од највозбудливите натпревари за вечерта. Гранит Х славеше во неизвесна завршница и ги освои трите бода.

Гостилница кај Мече – Мартиник Мебел 2:2
Дуел исполнет со големa борба до последен свиреж. Двете екипи поделија по еден бод.

  • Распоред за сабота (16.08.2025):

20:00 Дејан Војвода – АД Галеб

21:00 Оровник Танче Мирчески – Инекс Олгица

22:00 Мешеишта – Лаз Бун

23:00 Кафе бар Лавадо – Ресорт Бате Боле

Пред нас е уште една возбудлива вечер на „Богородица Куп 2025“, каде што се очекуваат атрактивни дуели и многу голови. Публиката во Волино повторно ќе има можност да ужива во вистински спортски спектакл.

Спортска Мрежа е медиумски покровител на овој спортски настан.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Прилеп го совлада Мулти Есенс на „Миле Нешкоски“

Ракометарите на Прилеп продолжуваат во победнички ритам откако на Меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“, пред своите гледачи во салата „Ристе Ристески – Ричко“ славеа...

Прва лигаФудбал

Трпчевски ќе им суди на Шкендија и Струга, Ристовски главен во Штип, Пилешков го доби дуелот на Чаир

Делегирани судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварите од четвртото коло на Првата македонска фудбалска лига кое ќе се отвори утре со...

Поврзани написи
Турнири

OHRID WOMEN’S CUP со отворена можност за секое девојче – не е потребно да биде дел од клуб!

Охрид на 5 и 6 септември ќе биде домаќин на првото издание...

Турнири

ВИДЕО: Познати сите четвртфиналисти на меморијалниот турнир во Дебреште – ќе биде неизвесно за полуфинале!

Меморијалниот турнир во мал фудбал „Алмир Ибески – Алмо 2026“ во прилепско...

Турнири

Отворени пријавите за Ohrid Winter Cup – четири дена фудбал, дружење и натпревари на „Билјанини Извори“

Охрид во декември ќе биде домаќин на уште еден голем младински фудбалски...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!