Останато

Марко Алексовски во четвртфинале во Барселона – следи дерби со првиот носител!

Сподели
ФОТО: ТФМ
Сподели

Младиот македонски тенисер Марко Алексовски обезбеди пласман во четвртфиналето на турнирот во Барселона за играчи до 14 години, кој е од највисоката категорија 1. Член на ITF-Tennis Europe тимот, финансиран од Grand Slam Development Fund, Алексовски денес оствари убедлива победа во третото коло.

Во сингл конкуренцијата, тој го совлада Хозе Луис Вега Понс од Шпанија со 2:0 во сетови – 6:0 и 7:6 (3). Во конкуренцијата на двојки, Алексовски заедно со Франциско Сардиња од Португалија (со кого утре ќе игра во четвртфинале во сингл), како први носители, извојуваа триумф над Даниел Елиас и Реита Јаманака со 2:1 (6:4; 5:7; 10-7), иако во меч- тајбрејкот имаа негатива од 1:7.

Денешниот  дуел помеѓу Алексовски и Сардиња се очекува да биде едно од најголемите дерби средби на турнирот.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект одбрана на титулата ја стартува од Валандово, дерби на Форца и Шкупи, предизвик за новите прволигаши

Утре во Валандово стартува новата сезона во Првата футсал лига, Проект ја брани двојната круна, а два поранешни шампиони сакаат да го соборат...

Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти Есенс, откако ремизираше и во Богданци се врати во бод, фокусот...

Поврзани написи
Останато

ФОТО: Работнички Скопје е освојувач на „Чајка“ Супер купот на Македонија, откако славеше убедливо над Вардар ЕМ

Работнички Скопје е освојувач на „Чајка“ Супер купот на Македонија откако славеше...

Останато

Работнички и Вардар ЕМ за првиот „Чајка“ Супер куп трофеј

Актуелниот шампион Работнички Скопје и освојувачот на Купот на ОФМ за 2026...

Останато

Шампионот УГД Штип и Борец за првиот Супер куп трофеј

„Бранко Хаџииљоски – Чајка“ Супер купот денеска ќе обедини два значајни моменти...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!