Прва лигаФудбал

„Шкупи без стадион за Силекс – ВАР-условите на ‘Чаир’ сè уште неисполнети“

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Прволигашот Шкупи,  веќе се соочува со низа проблеми. Поразот од Шкендија во првото коло беше првиот силен удар, отсуството на тренерот Бобан Бабунски од клупата дополнително ја влоши ситуацијата, а најголем моментален предизвик за прволигашот е  неисполнувањето на ВАР-условите на стадионот „Чаир“.

Во второто коло Шкупи треба да биде домаќин на Силекс, но засега не е познато на кој терен ќе се одигра мечот. Фудбалската федерација на Македонија уште пред стартот на сезоната предупреди дека „Чаир“ е единствениот стадион во првенството кој не ги исполнува техничките стандарди, давајќи му на клубот рок да ги заврши потребните активности за престојната сезона.

Како тие не се реализираа, клубот не доби дозвола да игра на својот стадион. Се споменуваше можноста натпреварот да се одигра во Куманово, но според информациите на „Опен-ТВ“, ФФМ не дала согласност за тоа.

Така, на само два дена пред дуелот со Силекс, чаирчани сè уште немаат обезбедено стадион на кој ќе го пречекаат противникот, што ја остава нивната подготовка во неизвесност.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Дерби пресметка во Кавадарци: Црна Река го пречекува Балкан, мобилизација за поддршка во „Јасмин“

В недела од 19 часот во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци ќе се одигра дербито на 4. коло на Втората футсал лига меѓу...

Кошарка

Работнички ја брани серијата од пет победи, а четири екипи бркаат биланс 3–3

Работнички го пречекува Кожув како единствена екипа со пет победи во пет натпревари. МЗТ Скопје Аеродром е најблиску со биланс 4–1, а Кожув...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Вареловски: Ќе дадеме се од себе трите бода да останат во Кавадарци

Тиквеш продолжува со одличните настапи во Првата македонска фудбалска лига, а амбициите...

Прва лигаФудбал

Варадиновски бара ново изненадување, Скопје на испит кај Тиквеш

Фудбалерите на Скопје во минатото коло успеаја да го изненадат Силекс, ремизирајќи...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!