Втора лигаФудбал

Беласица со ново засилување – пристигна Бојан Спиркоски од Пелистер

Сподели
ФОТО: ФК Беласица
Сподели

Во пресрет на новата сезона во Втората македонска фудбалска лига, струмичка Беласица продолжува со квалитетни засилувања. Нов член на „плаво-белите“ е искусниот напаѓач Бојан Спиркоски, кој пристигнува од редовите на Пелистер и претставува значајно засилување за тимот во офанзивниот дел.

Спиркоски е 30-годишен фудбалер кој може да покрие повеќе позиции во нападот, како и во офанзивниот дел од средниот ред. Во изминатите две сезони настапуваше за битолскиот прволигаш, а зад себе има богато искуство и на домашната и на меѓународната сцена.

Во Македонија ги носеше дресовите на клубови како Брегалница, Победа, Силекс, 11 Октомври, Хоризонт Турново и Лабуништа, додека интернационалното искуство го стекна во Чешка, играјќи за Јихлава и Сокол Брозани. Иако имаше најави за враќање во Брегалница, Спиркоски на крајот се реши за нов предизвик во Беласица.

Ова е ново звучно име во струмичкиот тим кој веќе ги ангажираше Коста Манев, Давид Стојков, Филип Митев, Горан Томовски, Анатолиј Петејчук, Марио Наумовски и Марио Костов. Раководството на Беласица очекува дека новите засилувања ќе донесат дополнителен квалитет и ќе бидат носители на играта во претстојната сезона.

Клубот на Спиркоски му посака топло добредојде и успешна сезона во плаво-белиот дрес.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Неколку второлигаши „висат“: Победата е неопходна за излез од резултатската криза

Денес ќе биде отворено шестото коло во Втората фудбалска лига, а ќе се комплетира утре со мечот меѓу Брера и Шкупи, кој ќе...

Ракомет

Костов лидер, Мате веднаш зад него: Топ 10 стрелци по две одиграни кола во Супер лигата

По две одиграни кола во новата сезона од Супер лигата, охриѓанецот- Наум Костов од МРК Куманово, е лидер на листата на најдобрите стрелци....

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Неколку второлигаши „висат“: Победата е неопходна за излез од резултатската криза

Денес ќе биде отворено шестото коло во Втората фудбалска лига, а ќе...

Прва лигаФудбал

Шкендија се врати на победничкиот пат: Башкими поразен во Гостивар

Шкендија ја прекина серијата од два натпревари без победа и повторно покажа...

Прва лигаФудбал

Без голови во Кратово: Силекс пет кола чека на победа, Тиквеш продолжува без пораз

Силекс и Тиквеш одиграа без голови во Кратово, во натпревар во кој...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!