Втора лигаФудбал

Слога Виница ги промовираше Митревски, Богевски и Постолов

Сподели
Сподели

Второлигашот Слога Виница промовираше нови три засилување – станува збор за Божидар Митревски, Давор Богевски и Јован Постолов.

Митревски кој е дефанзивен играч од средниот ред има 24 години, тој е всушност повратник во Виница, а за Слога настапуваше во период од февруари 2022 до јули 2022 година, а сега доаѓа од второлигашот Детонит Плачковица од Радовиш.

Низ својата кариера беше дел од Скопје, Силекс, Тетекс, Вардар и Работнички, а меѓународна кариера градеше во Словенија и Бугарија.

Богоевски доаѓа од редовите на прилепска Победа, има 18-години и важи за талентиран фудбалер, а станува збор за дефанзивен играч од средниот ред.

Постолов кој има 19 години доаѓа од Брера Струмица и го засилува средниот ред на Слога Виница. Се работи за талентиран играч кој ќе биде големо освежување и засилување за тимот од Виница. Тој потекнува од Академија Постолов од Штип, беше од Кит Го Пехчево и Брегалница Штип, а во Брера Струмица настапуваше од февруари 2022 година.

Новата сезона екипата на Слога Виница ја отвара против Скопје во Автокоманда со мечот од првото коло на 23 август.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Фудбал

Чеферин: Со Масар имаме одлична соработка, македонскиот фудбал е во добри раце

Претседателот на Европската фудбалска унија (УЕФА), Александар Чеферин, во интервју за Фудбалската федерација на Македонија говори за одличните односи со ФФМ и претседателот...

Кошарка

Димитријевиќ создаде повеќе од половина од асистенциите на Арис во победата над Ле Ман

Ненад Димитријевиќ со 11 поени и 13 асистенции беше меѓу главните носители на Арис во победата над Ле Ман со 96:86, остварена во...

Поврзани написи
Фудбал

Чеферин: Со Масар имаме одлична соработка, македонскиот фудбал е во добри раце

Претседателот на Европската фудбалска унија (УЕФА), Александар Чеферин, во интервју за Фудбалската...

ФудбалЧетврта лига

Спортска Мрежа дознава: Готен службено го доби мечот со Слога Злеово, три бодови во Подареш

Според ексклузивно информации на Спортска Мрежа вечерва и официјално беше донесена одлука...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!