Ракомет

Kружниот напаѓач Марија Петреска останува дел од ЖРК Куманово

Сподели
ФОТО: ЖРК Куманово
Сподели

Женскиот ракометен клуб Куманово продолжува со градење на силен и конкурентен тим за претстојната сезона во Женската Супер лига. Една од клучните ракометарки, кружниот напаѓач Марија Петреска, потпиша нов едногодишен договор со клубот и ќе ги брани боите на Куманово и во сезоната 2025/26.

22-годишната стружанка, која претходно го носеше дресот на ЖРК Металург од Автокоманда, веќе се наметна како важен дел од тимот на стратегот Славиша Димитријески. Со својата борбеност и спортска зрелост, Петреска се очекува повторно да биде една од ударните сили на кумановскиот состав.

Со продолжувањето на соработката со Марија Петреска, управата на клубот покажува јасна визија за континуитет и стабилност. Претходно беа обновени договорите и со неколку други клучни ракометарки: Јасна Трајковиќ, Мила Мемов, Ангела Шехтанска, Росана Павлова, Нена Нестороска и Никита Антевска.

Куманово ова лето се засили и со интернационални имиња, меѓу кои се средниот бек Маријана Азеведо и десниот бек Аманда Стеин, а под голот ќе стојат новите голманки Ана Марија Горговска и Симона Грујовска.

Сепак, клубот се соочи и со одредени заминувања – Ана Михајловска се пресели во Вардар, а Марија Јовановска го засили шампионот Ѓорче Петров.

Куманово во новата сезона влегува со високи амбиции, а продолжувањето на соработката со ракометарки како Марија Петреска е силен показател за посветеноста и желбата за трофеи.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Верноста продолжува: Бојан Спасовски останува дел од Бутел Скопје до 2028 година

РК Бутел Скопје продолжува да го задржува препознатливото клупско јадро, а најновата потврда за тоа е продолжувањето на соработката со искусното десно крило...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Ди-Џеј Стјуард го најави своето влијание: Ќе дадам максимум за Македонија

Дивејн Стјуард Јуниор на најдобар начин го најави своето присуство во дресот на македонската репрезентација. На првиот настап, во контролниот натпревар против Бугарија,...

Поврзани написи
Ракомет

Верноста продолжува: Бојан Спасовски останува дел од Бутел Скопје до 2028 година

РК Бутел Скопје продолжува да го задржува препознатливото клупско јадро, а најновата...

Ракомет

Вардар ги дозна противниците: Против екипи од Франција, Германија и Полска

Македонскиот ракометен шампион Вардар 1961 ги дозна противниците за новата сезона во...

Ракомет

Кузманоски отвора ново поглавје: Македонскиот стратег заминува на Кипар

По неколку успешни сезони на домашната сцена, Горан Кузманоски е подготвен за...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!