Втора лигаФудбал

ОФИЦИЈАЛНО: Преспа ќе игра во Втора лига – Ресен е на второлигашката фудбалска карта!

Сподели
Сподели

Официјално екипата на Преспа од Ресен ќе игра во Втората македонска фудбалска лига во новата сезона 2025/2026, откако екипата на Беса се откажа од понатамошно натпреварување.

Преспа минатата сезона беше шампион во Трета лига – Југозапад, но во баражот загуби од Слога Виница со 3:0, а потоа немаше среќа во ждрепката од поразените екипи.

Но, сега откако и официјално Беса се откажа од натпреварување, екипата од Ресен го доби местото меѓу второлигаши со што ресенчани во новата сезона ќе гледаат второлигашки фудбал на градскиот стадион, а тоа што Спортска Мрежа ексклузивно прва го најави се оствари, а тоа е дека Преспа ќе игра во Втора лига.

Според информациите на Спортска Мрежа клубот од Ресен ги започнува подготовките за новата сезона во Втората лига, во следниот период ќе биде познат планот за подготовки и нови засилување. Спортска Мрежа најавува емисија од Ресен за Преспа.

Во првото коло екипата на Преспа ќе игра со Шкендија Арачиново.

 

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Дерби на Вардар Неготино и Пролет, Драчево Јуниор гостува во Радовиш, Аеродром против Овче Поле

Втората рунда од Првата ракометна лига носи четири средби кои ќе бидат одиграни утре и три натпревари в недела. Новајлијата Илинден на домашен...

Прва лигаФудбал

Шкендија се врати на победничкиот пат: Башкими поразен во Гостивар

Шкендија ја прекина серијата од два натпревари без победа и повторно покажа зошто се наоѓа на врвот на табелата во Првата македонска фудбалска...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Шкендија се врати на победничкиот пат: Башкими поразен во Гостивар

Шкендија ја прекина серијата од два натпревари без победа и повторно покажа...

Прва лигаФудбал

Без голови во Кратово: Силекс пет кола чека на победа, Тиквеш продолжува без пораз

Силекс и Тиквеш одиграа без голови во Кратово, во натпревар во кој...

ФудбалФутсал

Проект одбраната на титулата ја започнува против Јувентус Серава, дерби на Форца и Шкупи

Денес во Фудбалската федерација на Македонија беше извршена ждрепката за новата сезона...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!