Втора лигаФудбал

Слога Виница се засили со Дебрешлиоски и Рушити

Сподели
Сподели

Повратникот во Втората лига, екипата на Слога Виница се засили со двајца нови играчи за новата сезона.

Станува збор за Давид Дебрешлиоски и Сухејб Рушити, кои во пакет доаѓаат од редовите на Детонит Плачковица од Радовиш.

24-годишниот Рушити кој е дефанзивен играч од средниот ред покрај за Детонит Плачковица за кој клуб настапуваше од август 2023 заклучно со мај 2025 година, беше дел и до Гостивар, Скопје, Вардар Форино, Шкупи и Металург.

Дебрешлиоски е млад играч кој има 20 години, а кој е офанзивен играч од средниот ред. Покрај за Детонит Плачковица, настапуваше и за Победа, кој е негов матичен клуб, како и за поранешниот второлигаш Братство од Житоше.

Новата сезона започнува на 23 август, а тимот од Виница кој го води Емил Грнев ќе гостува во Автокоманда кај Скопје.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ и Работнички продолжуваат победнички, Куманово го запиша првиот триумф во Суперлигата откако славеше над Штип

Второто коло од новата сезона во МТЕЛ Суперлигата донесе нови возбудувања, пресврти и потврда за добриот старт на актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром...

Трета лигаФудбал

Одложен дуелот меѓу Победа Валандово и Малеш од Берово

Натпреварот од 5. коло во Третата лига – Регион 3, меѓу Победа Валандово и Малеш од Берово, кој требаше да се одигра денеска,...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Одложен дуелот меѓу Победа Валандово и Малеш од Берово

Натпреварот од 5. коло во Третата лига – Регион 3, меѓу Победа...

Трета лигаФудбал

Саљиу и Селмани обезбедија висок триумф за Џепчиште против Градец

Со победата на Џепчиште од 1:4 над Градец беше отворено 5. коло...

Трета лигаФудбал

БВК Коњаре со 12 гола го декласираше Перпарими Нигиштан, висок триумф и за Ржаничино

Екипата на БВК Коњаре со убедлива победа од 12:0 го декласираше дебитантот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!