Прва лигаФудбал

Прволигашот Струга Трим Лум се засили со француски дефанзивец!

Сподели
ФОТО: ФК Струга Трим Лум
Сподели

Македонскиот фудбалски прволигаш Струга Трим Лум продолжува со засилувањата за новата сезона, а најново име во редовите на клубот е Французинот Ласана Диако.

Станува збор за 26-годишен централен дефанзивец, кој досега настапувал за неколку клубови во ниските француски лиги, а последен ангажман имал во тимот на Париз 13 Атлетико. Со својата физичка подготвеност и дефанзивна стабилност, Диако треба да биде значајна алка во одбранбената линија на стружани.

Клубот од Струга сериозно се подготвува за новата сезона во Првата македонска лига, а амбициите остануваат високи – пласман во горниот дел од табелата и обезбедување учество во квалификациите за европските купови.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Кичевски Напредок убедливо ја стартуваше новата сезона – висок триумф над Демир Хисар

Напредок со висока победа од 4:1 преку пресврт над Демир Хисар ја отвори новата сезона во Трета лига Регион 5, со што стартуваше...

Трета лигаФудбал

ВИДЕО: ГФК Победа пред полни трибини тргна со „шестка“, Вардар Неготино доживеа дебакл од Бучин, радост во Пепелиште

Новата сезона во Трета лига – Регион 4 стартуваше со четири натпревари кои беа одиграни вчера, а на кои беа постигнати фантастични 25...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

ФОТО: Пчиња победнички ја отвори сезоната, Речица и Победа од Тромеѓа ги поделија бодовите

Со два натпревари започна новата сезона во Трета лига Регион 2, сезоната...

Прва лигаФудбал

Вардар испушти победа во Куманово: Башкими се врати во финишот за 3-3

Актуелниот македонски шампион Вардар пропушти голема можност да стигне до нова победа...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!