Прва лигаФудбал

ФК Шкупи се засили со младиот Ардит Дестани!

Сподели
ФОТО: ФК Шкупи
Сподели

ФК Шкупи го претстави своето ново засилување – 21-годишниот лево крило Ардит Дестани. Младата надеж доаѓа од швајцарскиот третолигаш Парадисо, каде ги помина изминатите 12 месеци, а претходно беше член на Вадуц од Лихтенштајн, клуб кој настапува во втората швајцарска лига.

Дестани е познат по брзината и креативноста, а Шкупи очекува неговиот динамичен стил на игра да внесе дополнителна димензија во офанзивата. Иако доаѓа од нисколигашка средина, младиот крилен играч ги покажа своите квалитети и во пониските категории, па е отворено прашањето дали ќе успее да се наметне на највисоко ниво.

Ова лето во клубот владееше неизвесност поради побуните на навивачите против новата сопственичка структура и нивното барање за вклучување во управата. Токму околу трансферите беа еден од главните поводи за незадоволството. Сега, со доаѓањето на Дестани, раководството се надева дека ќе ја стабилизира атмосферата и ќе му даде на тимот свежа енергија пред стартот на сезоната.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

КупФудбал

Познати термините за осминафиналето во Купот на Македонија

Познато е кога ќе се одиграат осминафиналните натпревари од Купот на Македонија, а во која фаза ќе се соочат девет прволигаши, шест второлигаши...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија У15 со убедлива победа над Панама го отвори Светското првенство во Баку

Младата репрезентација на Македонија до 15 години со триумф го отвори настапот на Светското првенство во форматот 7+1, кое се одржува во Баку,...

Поврзани написи
КупФудбал

Познати термините за осминафиналето во Купот на Македонија

Познато е кога ќе се одиграат осминафиналните натпревари од Купот на Македонија,...

Трета лигаФудбал

Реми без голови во Крива Паланка на Осогово и Козјак

Седмото коло во Трета лига регион 2 беше отворено денес во Крива...

Трета лигаФудбал

Убедлива победа за БВК Коњаре, Ржаничино до три бода преку пресврт

БВК Коњаре со убедлива победа го отвори 7. коло во Трета лига...

Прва лигаФудбал

ФФМ: Сите три ВАР-одлуки на дербито Шкендија – Вардар беа исправни

Дерби натпреварот меѓу Шкендија и Вардар, од 11. коло во Прва МФЛ,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!