Турнири

Започнуваат пријавите за второто издание на турнирот во мал фудбал „Подареш 2025“ – над 300.000 денари награден фонд!

Сподели
ФОТО: Михаилов
Сподели

Фудбалскиот дух повторно ќе го облее Подареш, село во општина Радовиш, каде што ова лето ќе се одржи второто издание на популарниот турнир во мал фудбал „Подареш 2025“. Пријавите за учество се веќе отворени, а организаторите најавуваат уште посилен турнир со награден фонд што надминува 300.000 денари.

Годинава, на асфалтот во Подареш се очекува вистински фудбалски спектакл, со настап на бројни екипи од регионот, желни за нови спортски предизвици и трофеи. Турнирот ќе се игра по систем 5+1, со футсал правила, а организаторите подготвија атрактивни награди за најдобрите.

Првопласираната екипа ќе освои 150.000 денари, додека за второто место се предвидени 75.000 денари. Тимот кој ќе го освои третото место ќе биде награден со 35.000 денари, а четвртата позиција носи парична награда од 20.000 денари.

Покрај екипните награди, ќе бидат доделени и индивидуални признанија – по 5.000 денари за најдобар играч, најдобар стрелец, најдобар голман и најдобар млад играч.

Пријавувањето за учество е отворено од 1 јули до 2 август 2025 година, додека ждрепката ќе се одржи на 3 август 2025 година. Турнирот започнува на 5 август, а големото финале е закажано за 27 август 2025 година.

Котизацијата за учество изнесува 4.000 денари по екипа. Сите заинтересирани тимови може да се пријават на телефонскиот број 078/346-208 кај Александар.


По одлично организирано прво издание, „Подареш 2025“ добива уште поголемо значење и ветува нови спортски возбудувања за љубителите на мал фудбал. Сите патишта во август ќе водат кон Подареш, каде што фудбалот, дружбата и фер-плејот ќе бидат во прв план!

Оваа година за првпат Спортска Мрежа ќе биде медиумски покровител на овој спортски настан и ќе ви ја пренесеме фудбалската треска од Подареш.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбалФутсал

(ФОТО) Проект е подготвен за европскиот дуел: Последна анализа, тактика и филозофија пред Грац!

Македонскиот футсал шампион Проект е подготвен за првиот европски предизвик. Вечерва од 20:00 часот тимот го очекува дуел против домаќинот Атлетик Футсал Клуб...

ИнтернационалциФудбалФутсал

🔴 Во ЖИВО од Австрија: Грац – Проект

Следете го во живо првиот натпревар во претквалификациите во УЕФА футсал Лигата на шампиони на Проект против домаќинот Грац. Дуел на шампионот на...

Поврзани написи
Турнири

(ФОТО) Три дена фудбал, дружење и таленти: Успешно заврши 7. Меморијал „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки“

Успешно заврши седмото издание на меморијалниот турнир „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки 2026“, кој...

Турнири

БХС Груп Саждево го освои „Алмир Ибески Алмо 2026“ во Дебреште по пенал-драма со Пилана Жарко

Заврши Меморијалниот турнир „Алмир Ибески – Алмо 2026“, кој се одржа во...

Турнири

Познати финалистите на „Алмир Ибески – Алмо 2026“: Голема битка во Дебреште за трофејот!

Познати се финалистите на Меморијалниот турнир „Алмир Ибески – Алмо 2026“, кој...

Турнири

Познати полуфиналистите на „Алмир Ибески – Алмо 2026“ – четири екипи во битка за големото финале!

Меморијалниот турнир во мал фудбал „Алмир Ибески – Алмо 2026“, кој се...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!