ИнтернационалциФудбал

Матеј Гаштаров го продолжи договорот со Црвена Звезда до 2031 година

Сподели
ФОТО: Црвена Звезда
Сподели

Македонскиот фудбалски репрезентативец Матеј Гаштаров го продолжи договорот со српскиот гигант Црвена Звезда до 2031 година.

20-годишниот фудбалер со своите настапи и напредокот во белградскиот клуб ја заслужи довербата на раководството, кое му понуди продолжување на соработката и можност да продолжи да се развива во црвено-белиот дрес.

Гаштаров ги направи првите фудбалски чекори во младинските категории на Вардар, а во август 2024 година се пресели во Црвена Звезда, каде што продолжи да го гради својот фудбалски пат.

Станува збор за играч од средниот ред, кој настапува на позицијата дефанзивен играч за врска. Го красат борбеноста, добрата техника и квалитетниот шут, карактеристики што му овозможуваат да придонесува во двете фази од играта.

Продолжувањето на договорот до 2031 година претставува потврда дека Црвена Звезда смета на македонскиот фудбалер и на неговиот понатамошен развој во клубот.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Репрезентацијата на Македонија до 19 години освои бод во дуелот против Северна Ирска

Во првиот натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство, репрезентацијата на Македонија освои бод откако на мечот во Турново играше без погодоци...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Голема победа на Македонија до 17 години против Унгарија на квалификациите во Турција, хет-трик на Стефан Ристиќ

Македонската репрезентација до 17 години оствари голема победа, 3:2 против Унгарија на натпреварот од воведното коло од првата квалификациска рунда за Европското првенство...

Поврзани написи
РакометФудбал

(ФОТО) Ајдуци реагираат: Вчера Астраион, денес Тиверија, струмичка спортска мизерија

Навивачката група „Ајдуци“ од Струмица, на натпреварот од 6. коло на кошаркарската...

ИнтернационалциФудбал

Македонија има фудбалски бисер во Америка – десетгодишниот Филип Јаневски ги тресе противничките мрежи!

Иако е роден и расте во Соединетите Американски Држави, десетгодишниот Филип Јаневски...

Младински фудбалФудбал

(ФОТО) Седум од седум за ФК Металург 2025 – 37 постигнати голови и големи амбиции за иднината!

Новооформениот ФК Металург 2025 има импресивен почеток на својата фудбалска приказна. Скопскиот...

ФудбалЧетврта лига

Маџари Солидарност со „петарда“ за Кадино, Петровец со висок триумф, три бода за Гоце Делчев

Екипата на Маџари Солидарност стигна до највисоката победа во РФС 1 Четврта...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!