ФудбалФутсал

Проект и Бутел во битка за врвот: шампионот ја брани неверојатната серија без пораз

Сподели
ФОТО: КМФ Проект
Сподели

Третото коло во Првата македонска футсал лига започнува вечерва со дербито во Валандово, каде што актуелниот шампион и освојувач на двојната круна, Проект, го пречекува Бутел. Натпреварот е закажан за 20:00 часот, а во директен дуел ќе се сретнат две екипи кои имаат максимален учинок по првите две кола.

Проект во новата сезона влезе во шампионски ритам и ќе се обиде да стигне до третата победа во исто толку натпревари. Тимот од Валандово продолжува да ја гради својата неверојатна серија без пораз во македонскиот футсал, која трае повеќе од една година. Минатата сезона Проект доминираше на домашната сцена, освојувајќи ги првенството и Купот без ниту еден пораз.

Во првото коло Проект славеше со 6:3 против Јувентус Сераца, додека во второто коло на гостувањето во Тетово го совлада СЕЕ Университи со 4:3. Сега пред избраниците на Игор Димов е нов сериозен предизвик, бидејќи на спротивната страна ќе имаат мотивиран противник кој исто така има две победи од два натпревари.

Бутел одлично ја започна сезоната. Во првото коло славеше со 4:1 против Железарец, а во второто беше уште поубедлив, совладувајќи го Клими со 6:0. За скопскиот тим ова ќе биде прво гостување во новото првенство, и тоа веднаш на теренот на актуелниот шампион.

Влогот е голем за двете екипи. Со по шест бода, Проект и Бутел се водечките тимови на табелата, а победникот од вечерашната пресметка ќе има можност самостојно да се искачи на врвот.

За Проект, целта е јасна – продолжување на победничката серија и нов чекор кон одбрана на шампионската титула. Бутел, пак, ќе се обиде да стане првиот тим по повеќе од една година што ќе успее да го совлада составот од Јосифово и да ја прекине неговата импресивна низа.

Сѐ е подготвено за вистинско футсал-дерби во Валандово, во кое ќе се судрат шампионските амбиции на Проект и желбата на Бутел да покаже дека може да го симне актуелниот владетел од победничкиот пат.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Боjаниќ се врати во Охридската Тврдина: „Чудно е да се загревам на спротивната страна“

Средбата со поранешниот клуб секогаш носи посебни емоции, а за Владимир Боjаниќ гостувањето во Охрид беше прилика повторно да се врати во салата...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

(ФОТО) Растодер постигна гол, Мекгин пресуди од пенал: Македонија поразена во Глазгов

Македонската фудбалска репрезентација загуби од Шкотска со 2:1 на „Хампден парк“ во Глазгов, во петтото коло од Б-сегментот на Лигата на нациите. Избраниците...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!