Ракомет

Охрид ја започнува одбраната на европската круна: Спор Тото гостува во „Билјанини Извори“

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Ракометарите на ГРК Охрид денеска ја започнуваат европската мисија во новата сезона, со првиот натпревар против турскиот Спор Тото СК во рамките на второто коло од ЕХФ Европскиот куп. Актуелниот освојувач на трофејот ќе игра пред домашната публика во спортската сала „Билјанини Извори“, со почеток од 18:30 часот.

„Гладијаторите“ на Борис Ројевиќ минатата сезона испишаа историја, освојувајќи го првиот европски трофеј во клупската историја, откако во финалниот двомеч беа подобри од унгарската Татабања. Сега пред охриѓани е нов предизвик – да го потврдат својот квалитет и да продолжат со успешните настапи на европската сцена.

Противник ќе им биде Спор Тото СК од Турција, екипа која во претходната рунда ја елиминираше Вогошча од Босна и Херцеговина со вкупен резултат 77:43. Тоа е најава дека Охрид го очекува сериозен противник, против кого ќе биде потребно максимално ангажирано издание во двата натпревари.

Интересно е што двата дуела од ова европско соочување ќе се одиграат во Охрид. Првиот натпревар е закажан за денеска, петок, а реваншот ќе се игра утре, сабота, исто така во „Билјанини Извори“, со почеток од 18:30 часот. Така, охриѓани ќе ја имаат предноста на домашниот терен во двата натпревари, во обид да обезбедат пласман во третото коло.

Поддршката од трибините може да биде важен фактор за „гладијаторите“ во обидот да ја започнат одбраната на титулата со посакуван резултат. Охрид повторно е пред европски ракометен викенд, а првата битка против Спор Тото започнува денеска од 18:30 часот.

Инаку, Охрид е главен фаворит за освојување на оваа европско натпреварување.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Боjаниќ се врати во Охридската Тврдина: „Чудно е да се загревам на спротивната страна“

Средбата со поранешниот клуб секогаш носи посебни емоции, а за Владимир Боjаниќ гостувањето во Охрид беше прилика повторно да се врати во салата...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

(ФОТО) Растодер постигна гол, Мекгин пресуди од пенал: Македонија поразена во Глазгов

Македонската фудбалска репрезентација загуби од Шкотска со 2:1 на „Хампден парк“ во Глазгов, во петтото коло од Б-сегментот на Лигата на нациите. Избраниците...

Поврзани написи
Ракомет

Боjаниќ се врати во Охридската Тврдина: „Чудно е да се загревам на спротивната страна“

Средбата со поранешниот клуб секогаш носи посебни емоции, а за Владимир Боjаниќ...

Ракомет

(ФОТО) Охрид го совлада Младост и се израмни со Пелистер на второто место – богданчани без изненадување кај „гладијаторите“!

Охрид забележа нов триумф во ракометната Суперлига совладувајќи го Младост од Богданци...

Ракомет

Еурофарм Пелистер вечерва убедливо славеше над Тиквеш

Вицешампионот Еурофарм Пелистер забележа убедлива победа над Тиквеш над домашен терен славејќи...

Ракомет

Четири бода предност или израмнување: Вардар и Алкалоид пред дерби што го менува врвот

Вардар влегува во десеттото коло од ракометната Суперлига со девет победи од...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!