Прва лигаФудбал

Силекс врза две победи, Хасукиќ со два гола ја реши Шкендија Арачиново

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Силекс продолжува со победничкиот ритам во Првата македонска фудбалска лига. Кратовци на домашен терен ја совладаа Шкендија Арачиново со 2:0, а херој на натпреварот беше Есмир Хасукиќ, кој ги постигна двата гола за својот тим.

Избраниците на Александар Васоски стигнаа до втората последователна победа, откако во претходното коло убедливо славеа на гостувањето кај Башкими во Куманово со 0:3. Со тоа Силекс успешно излезе од резултатската криза и сега ја потврди добрата форма со нов триумф пред домашната публика.

Со освоените три бода, кратовскиот состав стигна до вкупно 16 бода и се искачи на петтото место на табелата, притоа оставајќи ја зад себе токму Шкендија Арачиново, која се соочува со резултатска криза.

Победата е особено важна за Силекс, кој со новите три бода продолжува да се приближува кон екипите од горниот дел на табелата и останува во игра за позициите што водат кон европските натпреварувања.

Со дуелот во Кратово беше отворено 11. коло во Првата македонска фудбалска лига, кое продолжува во текот на викендот со преостанатите натпревари.

Сподели

Не пропуштајте

Турнири

Џокер од Фурка го потврди учеството на Ohrid Winter Cup со талентираната генерација 2012

Фудбалскиот клуб Џокер од Фурка, кај Дојран, е потврден учесник на Ohrid Winter Cup 2026. Клубот во Охрид доаѓа со силна генерација фудбалери...

Останато

Наковски Волеј со кам-бек го задржа статусот на непоразен тим во Првата лига жени

Екипата на Наковски Волеј останува единствената непоразена по четири кола во новата сезона од Првата лига жени, откако во дербито од четвртото коло...

Поврзани написи
РакометФудбал

(ФОТО) Ајдуци реагираат: Вчера Астраион, денес Тиверија, струмичка спортска мизерија

Навивачката група „Ајдуци“ од Струмица, на натпреварот од 6. коло на кошаркарската...

ИнтернационалциФудбал

Македонија има фудбалски бисер во Америка – десетгодишниот Филип Јаневски ги тресе противничките мрежи!

Иако е роден и расте во Соединетите Американски Држави, десетгодишниот Филип Јаневски...

Младински фудбалФудбал

(ФОТО) Седум од седум за ФК Металург 2025 – 37 постигнати голови и големи амбиции за иднината!

Новооформениот ФК Металург 2025 има импресивен почеток на својата фудбалска приказна. Скопскиот...

ФудбалЧетврта лига

Маџари Солидарност со „петарда“ за Кадино, Петровец со висок триумф, три бода за Гоце Делчев

Екипата на Маџари Солидарност стигна до највисоката победа во РФС 1 Четврта...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!