Ракомет

ОФИЦИЈАЛНО: Левиот бек Стефан Петриќ се сели во Охрид!

Сподели
ФОТО: ГРК ОХРИД
Сподели

ГРК Охрид продолжува со засилувањата за новата сезона 2025/2026! Најново име во тимот е Стефан Петриќ, 24-годишен српски ракометар кој настапува на позицијата лев бек. Петриќ, висок 197 сантиметри, доаѓа од редовите на РК Вардар 1961, каде што помина две сезони и беше дел од европските настапи на „црвено-црните“.

Пред да го направи трансферот во Македонија, тој беше еден од клучните играчи на РК Партизан, клуб каде што ја изгради својата кариера и го привлече вниманието на интернационалната сцена. Има богато искуство и на репрезентативен план, со настапи за сите младински категории на селекцијата на Србија, што е дополнителна потврда за неговиот потенцијал и квалитет.

Со неговото приклучување, „Гладијаторите“ од Охрид добиваат физички моќен и борбен бек кој ќе биде сериозно оружје во новата сезона.

Денес, клубот и официјално му посака добредојде во новата средина.

Очекувањата од навивачите се големи, а новиот предизвик за Петриќ е да ја оправда довербата и да биде еден од носителите на играта на охридскиот клуб во новата сезона.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

Охрид го пречекува Пелистер 2, Блажески: „Фаворитската улога мораме да ја оправдаме на терен!“

По успешните настапи во Европскиот Куп на ЕХФ и пласманот во третото коло, ракометарите на ГРК Охрид се враќаат на обврските во домашното...

Ракомет

Охрид ги чека ривалите за европскиот трон: утре ждрепка за третото коло!

Европската авантура на ГРК Охрид продолжува, а актуелниот освојувач на ЕХФ Европскиот Куп утре ќе го дознае следниот противник на патот кон одбраната...

Поврзани написи
Ракомет

Охрид го пречекува Пелистер 2, Блажески: „Фаворитската улога мораме да ја оправдаме на терен!“

По успешните настапи во Европскиот Куп на ЕХФ и пласманот во третото...

Ракомет

Охрид ги чека ривалите за европскиот трон: утре ждрепка за третото коло!

Европската авантура на ГРК Охрид продолжува, а актуелниот освојувач на ЕХФ Европскиот...

Ракомет

Сокол Саса ја загуби драмата и останува и натаму без бодови, Преспа го доби Илинден преку Томче Трајчевски

Неверојатна драма донесе натпреварот во Македонска Каменица меѓу Сокол Саса и Јехона,...

Ракомет

Ројевиќ за „Спортска Мрежа“: „Многу е потешко да се одбрани титулата отколку да се освои!“ 

ГРК Охрид ја продолжи европската приказна со уште две убедливи изданија во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!