Ракомет

Охрид го пречекува Пелистер 2, Блажески: „Фаворитската улога мораме да ја оправдаме на терен!“

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

По успешните настапи во Европскиот Куп на ЕХФ и пласманот во третото коло, ракометарите на ГРК Охрид се враќаат на обврските во домашното првенство. Во рамките на осмото коло од Супер лигата, „гладијаторите“ ќе го пречекаат тимот на Еурофарм Пелистер 2, во дуел во кој ќе атакуваат на нови бодови.

Охриѓани ја имаат фаворитската улога, но свесни се дека тоа треба да го потврдат на теренот. Голманот Бојан Блажески најавува максимален пристап и јасна цел – продолжување на победничкиот ритам во домашниот шампионат.

„Ни следи натпревар со екипата на Еурофарм Пелистер 2. Фаворитската улога мораме да ја оправдаме на терен и да оствариме нова победа во домашното првенство“, порача Бојан Блажески.

ФОТО: ГРК Охрид

Натпреварот меѓу ГРК Охрид и Еурофарм Пелистер 2 ќе се одигра утре, во вторник, со почеток во 19:00 часот, во салата „Билјанини Извори“. По европските предизвици, „гладијаторите“ повторно ќе ја имаат поддршката од домашната публика, со желба со нов триумф да ги израдуваат охриѓани и да продолжат со добрите резултати на двата фронта.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Од Општинската лига до борба за врвот во Трета лига – Огражден од Ново Село ја пишува најубавата фудбалска приказна!

Без плати, без големи финансиски средства, со фудбалери кои играат од чиста љубов кон фудбалот и со огромна желба за успех. Така започна...

Ракомет

Томовски блесна против Мелсунген – десет одбрани и гол за македонскиот голман во Бундеслигата!

Македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски имаше одлично издание во германската Бундеслига, давајќи значаен придонес во ремито на Битигхајм на гостувањето кај фаворизираниот Мелсунген...

Поврзани написи
Ракомет

Томовски блесна против Мелсунген – десет одбрани и гол за македонскиот голман во Бундеслигата!

Македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски имаше одлично издание во германската Бундеслига, давајќи...

Ракомет

Прилеп убедлив, Бутел славеше во последните секунди, Струга до важни бодови!

Десеттото коло во македонската ракометна Супер лига донесе различни сценарија на три...

Ракомет

Македонските клубови меѓу регионалната елита – Охрид со најцврста одбрана, Вардар и Пелистер во офанзивниот врв!

Првите два месеци од ракометната сезона 2026/27 донесоа позитивна слика за македонскиот...

Ракомет

Вардар го задржува својот чувар на мрежата – Валах останува до 2028 година!

Вардар 1961 продолжува да го гради тимот за иднината, а еден од...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!