Ракомет

Охрид ги чека ривалите за европскиот трон: утре ждрепка за третото коло!

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Европската авантура на ГРК Охрид продолжува, а актуелниот освојувач на ЕХФ Европскиот Куп утре ќе го дознае следниот противник на патот кон одбраната на трофејот. Ждрепката за третото коло е закажана за 11:00 часот во Виена, каде што ќе бидат формирани двојките за следната фаза од натпреварувањето.

Во оваа рунда ќе настапат 32 екипи од 24 земји, а Македонија ќе има два претставника – покрај охриѓани, во игра останува и Алкалоид. Најбројни со по три клуба се Грција и Словенија, додека Македонија, Романија, Србија и Швајцарија ќе имаат по два претставници.

Клубовите ќе бидат распоредени во два шешири со по 16 екипи, при што секој тим од првиот ќе добие ривал од вториот шешир. Екипата што прва ќе биде извлечена ќе биде домаќин на првиот натпревар од двомечот. Дополнително, нема да има заштита за клубовите од иста земја, што значи дека уште во оваа фаза се можни и меѓусебни дуели на тимови од истите првенства.

Во првиот шешир, покрај Охрид и Алкалоид, се наоѓаат и неколку сериозни европски имиња, меѓу кои Олимпијакос, ПАОК, Бешикташ, Војводина и Тримо Требње. Охриѓани ќе го чекаат извлекувањето со надеж дека ќе добијат ривал против кого ќе можат да го продолжат патот кон нов европски успех.

Можни противници на Охрид во третото коло:

  • Слога Добој (Босна и Херцеговина)
  • Горица (Хрватска)
  • Пулва Сервити (Естонија)
  • Х71 (Фарски Острови)
  • АЕК (Грција)
  • Рамат Хашарон (Израел)
  • Сасари (Италија)
  • Драгунас Клаипеда (Литванија)
  • Ловќен Цетиње (Црна Гора)
  • Волендам (Холандија)
  • Потаиса Турда (Романија)
  • Горење Велење (Словенија)
  • Словењ Градец (Словенија)
  • Дубочица (Србија)
  • Фади Винтертур (Швајцарија)
  • Повашска Бистрица (Словачка)

Првите натпревари од третото коло ќе се одиграат на 21 и 22 ноември, додека реваншите се предвидени за 28 и 29 ноември. Победниците од 16-те двомеча ќе обезбедат место во осминафиналето, кое ќе се игра во февруари 2027 година.

Охрид веќе покажа дека има квалитет да се надигрува со европските ривали, а утрешната ждрепка ќе го означи почетокот на новиот предизвик во обидот да ја продолжи шампионската приказна.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

Алкалоид по европскиот предизвик го чека гостување кај Бутел!

Ракометарите на Алкалоид се враќаат на обврските во домашното првенство, откако ги завршија настапите на европската сцена и успешно се пласираа во следното...

Ракомет

Валах посакува Вардар со две победи да ја заврши европската авантура во ЛШ!

Вардар во среда ќе го одигра последниот натпревар во Лигата на шампионите за оваа сезона, а противник во Скопје ќе биде германскиот Мелсунген....

Поврзани написи
Ракомет

Алкалоид по европскиот предизвик го чека гостување кај Бутел!

Ракометарите на Алкалоид се враќаат на обврските во домашното првенство, откако ги...

Ракомет

Валах посакува Вардар со две победи да ја заврши европската авантура во ЛШ!

Вардар во среда ќе го одигра последниот натпревар во Лигата на шампионите...

Ракомет

Чупиќ: Вардар и навивачите заслужуваат победнички крај во Лигата на шампионите!

Вардар во среда го очекува последниот предизвик во овогодинешното издание на Лигата...

Ракомет

Охрид го пречекува Пелистер 2, Блажески: „Фаворитската улога мораме да ја оправдаме на терен!“

По успешните настапи во Европскиот Куп на ЕХФ и пласманот во третото...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!