РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија до 15 години ја совлада и Малта на Светското првенство во Баку

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 15 години оствари победа од 3:1 против Малта во четвртиот натпревар на Светското првенство во форматот 7+1, кое се одржува во Баку, Азербејџан.

Избраниците на селекторот Горан Станковски одиграа квалитетен натпревар и заслужено стигнаа до нов триумф на турнирот. Иако Малта прва поведе со голот на Деклан Замит во 13. минута, македонските фудбалски надежи одговорија со три погодоци. Доротеј Христов во 24. минута го израмни резултатот, Стефан Стојаноски во 29. минута донесе водство за Македонија, а Дин Рожајац во 32. минута го постави конечниот резултат од 3:1.

Македонија досега има забележано две победи, едно реми и еден пораз на светскиот собир. На стартот од натпреварувањето славеше против Панама со 4:1, потоа загуби од Чад со 1:2, а во третото коло одигра нерешено 2:2 против Кенија.

На македонската селекција ѝ преостанува уште последниот натпревар од групната фаза, во кој ќе се соочи со Нигер.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Од Општинската лига до борба за врвот во Трета лига – Огражден од Ново Село ја пишува најубавата фудбалска приказна!

Без плати, без големи финансиски средства, со фудбалери кои играат од чиста љубов кон фудбалот и со огромна желба за успех. Така започна...

Ракомет

Томовски блесна против Мелсунген – десет одбрани и гол за македонскиот голман во Бундеслигата!

Македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски имаше одлично издание во германската Бундеслига, давајќи значаен придонес во ремито на Битигхајм на гостувањето кај фаворизираниот Мелсунген...

Поврзани написи
Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Естонките ја потврдија доминацијата, Македонија повторно поразена

Естонија уште еднаш ја потврди својата физичка и резултатска надмоќ, овојпат и...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија У19 не успеа против Швајцарија, фокусот сега е кон Малта

Во вториот натпревар од квалификацискиот турнир во Б-лигата, репрезентацијата на Македонија загуби...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!