Втора женска фудбалска лигаФудбал

ЖФК Ускана од Кичево во новата сезона ќе се натпреварува во Втората женска фудбалска лига!

Сподели
Сподели

Женскиот фудбалски клуб Ускана од Кичево во новата сезона 2025/2026 ќе се натпреварува во Втората женска фудбалска лига за првпат.

Како што дознава Спортска Мрежа, ЖФК Ускана се одлучи да пријави учество во сениорска конкуренција, а тоа значи дека Втората женска фудбалска лига добива уште една нова екипа.

Клубот бара поддршка од локалната самоуправа и спонзорите кои ќе придонесат за женскиот спорт во Кичево и регионот.

Клубот кој веќе стекна репутација преку својата работа со младинските категории, особено со кадетките до 15 години, продолжува амбициозно да се развива.

Во редовите на ЖФК Ускана моментално тренираат околу 40 девојки од различни возрасти, кои со голема посветеност и љубов кон фудбалот секојдневно работат на своите вештини и спортскиот развој. Клубот не само што претставува платформа за афирмација на младите спортистки, туку и инспирација за женскиот спорт на локално и национално ниво.

Во новата сезона покрај ЖФК Ускана, нов клуб ќе биде и ЖФК Некст Левел од Охрид, а како што е познато од минатата сезона во лигата ќе се натпреваруваат Вардар кој не го помина баражот за влез во Прва лига, Билјанини Извори, Порече, Плачковица, Победа Валандово, Слободен и Борец.

Според информациите на Спортска Мрежа ќе има уште неколку нови екипи во Втората женска фудбалска лига во сезона 2025/2026.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Кирил Неделков е ново засилување на шампионот Проект

Македонскиот шампион Проект промовираше уште едно засилување, Кирил Неделков промовиран во тимот од Јосифиво, како второ засилување за новата сезона. 25-годишниот Неделков доаѓа...

КупФудбал

КУП: Третолигашот Крошу Спорт против фаворитот Тиквеш во Неготино

Утре на Градскиот стадион во Неготино ќе се одигра уште еден меч од првата фаза на Купот на Македонија односно 1/16 финалето меѓу...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Кирил Неделков е ново засилување на шампионот Проект

Македонскиот шампион Проект промовираше уште едно засилување, Кирил Неделков промовиран во тимот...

КупФудбал

КУП: Третолигашот Крошу Спорт против фаворитот Тиквеш во Неготино

Утре на Градскиот стадион во Неготино ќе се одигра уште еден меч...

ФудбалФутсал

Шампионот Проект се засили со младиот Андреј Коцевски

Македонскиот футсал шампион го претстави првото засилување за новата сезона, Андреј Коцевски...

ФудбалЧетврта лига

ФОТО: Готен пред верната публика во Подареш го декласираше Илинден од Добрејци со ШЕСТ гола

Четвртолигашот Готен од радовишкото село Подареш продолжува со подготовките за враќањето на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!