Останато

Ѓорческа непобедлива – ја освои 14. титула со триумф над Гркинката Матула во Куршумлиска Бања!

Сподели
ФОТО: ТФСМ
Сподели

Одличен резултат оствари македонската тенисерка Лина Ѓорческа која со триумф го заврши настапот на ИТФ турнирот во W35 Куршумлијска Бања во Србија што се играше за награден фонд од 30.000 долари. Македонската тенисерка во финалето ја совлада Марта Матула од Грција со 2-1 во сетови (26 60 64) за 2 часа и 5 минути игра и со тоа ја освои 14.та титула во сингл.

Успехот е уште поголем од причина што Ѓорческа успеа да направи пресврт во мечот и да стигне до победата на турнирот.

Во првиот сет ривалката успеа да направи брејк во четвртиот гем и да поведе со 3:1 во гемови, а таа предност ја зголеми откако имаше уште еден брејк за 5:1. Македонската тенисерка успеа само мечот да ги врати во неизвесностот со брејкот во првиот воедно и најави подобра игра во продолжението. Во воториот сет Ѓорческа беше доминантна и за 36 минути со 6:0 во гемови го доби сетот и изедначи на 1-1 во сетови.

Решавачкиот сет почна со водство на протвничката од 2:0 во гемови, но Ѓорческа направи серија од три гема за водство од 3:2. Ривалката повторно освои два гема во низа за водство од 4:3, но Лина имаше нова серија од три гема за конечни 6:4 во третиот сет и 2-1 во сетови во мечот.

Триумфот на Ѓорческа ќе значи и скок на ВТА листата на следната промена по завршувањето на Ролан Гарос

Воедно ова за македонската тенисерка е прв освоен турнир по септември 2023 година кога победи истотака на фјучрс турнир во Куршумлијска Бања.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

Даниел Трајковски носи три бода за Раштани Спорт, минимална победа на Форца Нова, Горски пресилен за Локомотива

Тополка забележа минимална победа од 1:0 над Врановци, а стрелец на победничкиот гол во мечот од 4. коло на Општинската фудбалска лига во...

Прва лигаФудбал

Шкендија останува на врвот, Струга искористи најмногу, Тиквеш е блиску до врвот, Арсими останува во бараж зоната за опстанок

По единаесет рунди во Првата македонска фудбалска лига и натаму Шкендија го држи врвот од табелата, но сега вицешампионот има само еден бод...

Поврзани написи
Останато

(ФОТО) Изабела Зајков најдобра домашна борачка, БК Бучим Радовиш прв во екипниот пласман!

БК Бучим Радовиш имаше одличен настап на седмото издание на Меѓународниот турнир...

Останато

Газели Волеј и Вардар преку тај-брејк до нови победи во Првата лига

Второто коло од Првата одбојкарска лига за жени донесе голема неизвесност и...

Останато

Познат изгледот на Првата А и Б одбојкарска лига во машка конкуренција

По комплетирањето на натпреварите од претколото, познат е составот на двете групи...

Останато

Универзитет во Тетово преку „златен сет“ обезбеди пласман во Првата А лига

Одбојкарите на Универзитет во Тетово го освоија последното место во Првата А...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!