ФудбалФутсал

Иса Дурмишов убедливо најдобар стрелец во Втората футсал лига!

Сподели
Сподели

Мал Ајакс е шампион во Втората футсал лига на Македонија и заедно со Балкан кој е вицешампион од следната сезона ќе се натпреваруваат во Првата футсал лига.

Убедливо најдобар стрелец за сезона 2024/2025 во Втората футсал лига е Иса Дурмишов, играчот на штипски Мал Ајакс постигна фантастични и неверојатни 71 гол.

20-годишниот играч имаше одлична сезона и убедливо им избегна на останатите играчи на листата на најдобри стрелци. На второто место заврши Ибрахим Алији, играчот на Балкан постигна 55 гола.

Трет заврши Октај Беќири од Кораб со 36 гола, а потоа следува Ѓорѓи Султанов од Овче Поле со 32 гола, Дарко Блажевски од Кораб со 31 гол и Хисен Мемеди од СЕЕ Универисити со постигнати 29 гола.

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

Даниел Трајковски носи три бода за Раштани Спорт, минимална победа на Форца Нова, Горски пресилен за Локомотива

Тополка забележа минимална победа од 1:0 над Врановци, а стрелец на победничкиот гол во мечот од 4. коло на Општинската фудбалска лига во...

Прва лигаФудбал

Шкендија останува на врвот, Струга искористи најмногу, Тиквеш е блиску до врвот, Арсими останува во бараж зоната за опстанок

По единаесет рунди во Првата македонска фудбалска лига и натаму Шкендија го држи врвот од табелата, но сега вицешампионот има само еден бод...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

ФФМ: Исправни судиски одлуки на натпреварот Тиквеш – Башкими

На натпреварот меѓу ФК Тиквеш и ФК Башкими во неколку ситуации беа...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!