ФудбалФутсал

ФОТО: Мал Ајакс е шампион во Втората футсал лига, Балкан второпласиран – двете екипи изборија влез во елитата!

Сподели
Сподели

Екипата на Мал Ајакс е новиот шампион во Втората футсал лига на Македонија, откако во последното коло во Штип ја совлада Партизан Југ од Брвеница со убедливи 11:1 и го подигна шампионскиот пехар.

Тимот предводен од Влатко Манев одигра извонредна сезона со 19 победи и 4 порази, постигна вкупно 163 гола, прими 83, и со освоени 57 бодови го обезбеди првото место и директна промоција во Првата футсал лига.

По неколку сезони пауза, Мал Ајакс се враќа во македонската футсал елита. На последниот натпревар како второлигаш, тимот дојде до убедлив триумф со головите на Седат Мамудов (3), Иса Дурмишов (2), Сердар Синанов (2), како и по еден погодок на Тиквешанец, Тошец и Трајанов. Дополнително, Михаил Спасовски од Партизан Југ си постигна автогол. Единствен стрелец за гостите беше Дејан Геровски, кој погоди во второто полувреме.


Иако Балкан славеше на гостувањето во Битола против Конзули со 2:4, тоа не беше доволно за титула, поради победата на Мал Ајакс. Балкан сезоната ја заврши на второто место со само еден бод помалку, но исто така обезбеди пласман во елитната лига.

Стрелци за Балкан беа Игор Барџовски со хет-трик и Имер Ќамили, кој погоди во 19. минута за 0:1. За домашниот тим од Битола, во листата на стрелци се запишаа Виктор Гелевски и Петар Илиоски.

Колото се комплетира денес со останатите натпревари. Победа во Прилеп ќе игра со Кратово, ССК Скопје против Карадаку, а пак Кашриака против СЕЕ Университи.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Верноста продолжува: Бојан Спасовски останува дел од Бутел Скопје до 2028 година

РК Бутел Скопје продолжува да го задржува препознатливото клупско јадро, а најновата потврда за тоа е продолжувањето на соработката со искусното десно крило...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Ди-Џеј Стјуард го најави своето влијание: Ќе дадам максимум за Македонија

Дивејн Стјуард Јуниор на најдобар начин го најави своето присуство во дресот на македонската репрезентација. На првиот настап, во контролниот натпревар против Бугарија,...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Бразилско засилување за дебитантот Шкендија Арачиново

Новиот прволигаш Шкендија Арачиново продолжува со интензивното засилување на играчкиот кадар во...

Втора лигаФудбал

Ќе следуваат нови тренерски промени во Втора лига!?

Пред стартот на летните подготовки неколку второлигаши направија промени на тренерската позиција,...

Втора лигаФудбал

ОФИЦИЈАЛНО: Иван Варадиновски нов тренер на второлигашот Новаци

Младиот стратег Иван Варадиновски е нов тренер на второлигашот Новаци, денес и...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!