ИнтернационалциФудбал

Крај на една голема кариера: Иван Тричковски ги „закачи копачките на клин“ ќе биде генерален директор на АЕЛ Лимасол!

Сподели
Сподели

Поранешниот македонски фудбалски репрезентативец, Иван Тричковски и официјално потврди дека ја завршува професионалната фудбалска кариера и копачките ќе ги закачи на клуб.

Популарниот Тричко со македонската репрезентација настапи на Европското првенство во 2021 година, по што се повлече од репрезентаијата. Својата кариера ја започна во Вардар, по што се пресели во Работнички, а потоа ја започна својата интернацинална кариера, настапувајќи за Црвена Звезда, Еносис Неон Паралимни, а следуваше трансфер во Апоел, Клуб Бриж, Васланд Беверен, Ал Наср, Легија Варшава, АЕК Ларнака и последно АЕЛ Лимасол, каде и ја завршува својата професионална фудбалска кариера.

Тричко остава голема трака во македонскиот фудбал и тој ќе биде пример за многу млади играчи кој треба да го следат патот до успехот.

38-годишниот Тричковски останува активно во фудбалот, како генерален директор на АЕЛ Лимасол.

„Крај на кариерата на еден голем играч и човек. Среќен и горд сум што бев дел од менаџментот на твојата фудбалска кариера и ти посакувам многу успех во иднина како Генерален директор на АЕЛ Лимасол“, објави Никола Ѓошевски, кој беше менаџер низ кариерата на Тричковски.

Во 2011 година беше избран за фудбалер на годината во Македонија, со Легија Варшава стана шампион на Полска во сезона 2015/2016, а истата сезона го освои и Купот на Полска.


Во сезона 2007/2008 беше шампион на Македонија со Работнички, а истата сезона со „романтичарите“ го освои и Купот на Македонија, а една сезона претходно односно 2006/2007 го освои Купот на Македонија со Вардар.

Во сезона 2010/2011 со Апоел го освои Купот на Кипар.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Шабани: Го респектираме противникот, но нашата цел се нови три бода

Струга Трим Лум им се врати на победите во минатото коло, а сега сака и нова три бода против екипата на Скопје. Капитенот...

Прва лигаФудбал

Ангелов: Време е да ставиме крај на негативната серија, време е за победи

Фудбалерите на ФК Скопје се во лоша резултатска низа, но не потклекнуваат со духот и се надеваат дека многу брзо ќе успеа да...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Шабани: Го респектираме противникот, но нашата цел се нови три бода

Струга Трим Лум им се врати на победите во минатото коло, а...

Прва лигаФудбал

Ангелов: Време е да ставиме крај на негативната серија, време е за победи

Фудбалерите на ФК Скопје се во лоша резултатска низа, но не потклекнуваат...

Прва лигаФудбал

Бабунски: Очекуваме жестоко дерби со Шкендија, ќе одлучуваат нијанси

Актуелниот шампион Вардар е подготвен за надигрување и се надева дека ќе...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!