Прва лигаФудбал

Бабунски: Очекуваме жестоко дерби со Шкендија, ќе одлучуваат нијанси

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Актуелниот шампион Вардар е подготвен за надигрување и се надева дека ќе стигне до позитивен резултат во големото дерби против лидерот Шкендија. Овие две екипи, заедно со Струга Трим Лум се конкуренти за титулата, па оттаму и меѓусебните натпревари имаат посебно значење.

Го знае тоа и искусниот Давид Бабунски, еден од креаторите на играта на Вардар, кој го пренесува оптимизмот кој владее во тимот на Миодраг Божовиќ.

„Свесни сме за значењето на овој натпревар, се подготвувавме квалитетно и очекуваме еден жесток дуел кој ќе го решаваат нијанси, најмали детали. Влеговме во добра серија и очекуваме позитивниот чекор да продолжи и на дербито со Шкендија. Ќе играме во Гостивар овојпат, двете екипи навистина се меѓу најквалитетните во државата, имаме меѓусебен респект и верувам дека ќе понудиме допадлив фудбал. Ние посакуваме три бода, и ќе сториме сѐ да ја оствариме целта“, вели Давид Бабунски.

Последниот триумф на Вардар на гости против Шкендија датира од пред една година, се случи на 27 октомври 2025 година, а стрелец на тој натпревар во Тетово беше токму Давид Бабунски од пенал.

„Свежи ми се се уште сеќавањата од тој натпревар. Вардар долго време немаше победа на гости против Шкендија, одигравме храбро и успеавме да славиме. Сега составите се делумно променети, но има и поединци кои играа и на тој натпревар. Во секој случај ова ќе биде една нова епизода од дерби натпреварите со Шкендија, а ние патуваме со голем оптимизам и самодоверба“, порача Бабунски.

Дербито меѓу Шкендија и Вардар е закажано за денеска од 14 часот, на Градскиот стадион во Гостивар, а ќе го суди Стојанче Трпчевски.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

Боjаниќ се врати во Охридската Тврдина: „Чудно е да се загревам на спротивната страна“

Средбата со поранешниот клуб секогаш носи посебни емоции, а за Владимир Боjаниќ гостувањето во Охрид беше прилика повторно да се врати во салата...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

(ФОТО) Растодер постигна гол, Мекгин пресуди од пенал: Македонија поразена во Глазгов

Македонската фудбалска репрезентација загуби од Шкотска со 2:1 на „Хампден парк“ во Глазгов, во петтото коло од Б-сегментот на Лигата на нациите. Избраниците...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!