Трета лигаФудбал

ФК Големо Коњари: Изразуваме голема благодарност до Гоце Седлоски за финансиската поддршка која ни е од големо значење!

Сподели
Сподели

Фудбалскиот клуб Големо Коњари е шампион во Третата македонска фудбалска лига – Југ, откако низ одлична сезона и допадлив фудбал тимот ја оствари својата прва цел, а тоа е да биде шампион во Трета лига – Југ, а сега ќе се насочи кон втората цел, а тоа ќе биде да се помине баражот и така тимот да дојде до влез во Втората лига.

Клубот преку соопштение се заблагодари на Гоце Седлоски за финансиската помош, тренерот на Вардар е потекнува во прилепско Големо Коњари.

„ФК Големо Коњари изразува голема благодарност до Гоце Седлоски за финансиската поддршка која ни е од големо значење. Исто така благодарност до Љупчо Бумбароски, Зоран Трајкоски (смокаро) и други колеги од Тутунски Комбинат за донираните 25 блузи за бараж натпреварот. Благодарност и до Ивица Јолевски за донираните 25 блузи со логото на клубот и натпис -Шампиони- за подигнување на шампионскиот пехар“, се вели во соопштението на ФК Големо Коњари.

Клубот сега се подготвува за бараж натпреварот, а на 18 мај (недела) ќе следува голема прослава за шампионската титула.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Брегалница и Скопје во Штип

В среда ќе биде комплетирано осмото коло на Првата македонска фудбалска лига со натпреварот меѓу Брегалница и Скопје, кој ќе се одигра во...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска главен судија на Реал Мадрид – ПСЖ, Елена Соклевска-Илиевска нејзина асистентка

Нов голем чекор во европската судиска кариера на Ивана Пројковска. УЕФА ѝ ја довери правдата на едно од најинтересните соочувања во првото коло...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Брегалница и Скопје во Штип

В среда ќе биде комплетирано осмото коло на Првата македонска фудбалска лига...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Вардар со две квалитетни засилување: Елма Шемсовиќ и Иман Шљиво во „црвено-црниот“ дрес

Вардар ќе биде посилен со две искусни фудбалерки за продолжението од првенството...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!