Прва лигаФудбал

Шабани: Го респектираме противникот, но нашата цел се нови три бода

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Струга Трим Лум им се врати на победите во минатото коло, а сега сака и нова три бода против екипата на Скопје.

Капитенот Буњамин Шабани вели дека тој и соиграчите максимално го респектираат ривалот, но нивната цел се трите бода.

„Работевме максимално напорно во текот на целата недела. Знаеме дека денеска нема лесни противници, па без разлика на позицијата на табелата, имаме почит кон ФК Скопје. Сепак, како тим ќе го дадеме максимумот за да продолжиме со победите, по триумфот во минатото коло во Скопје против Шкендија Арачиново“, вели Буњамин Шабани.

Стружани не смеат да се залетуваат, затоа што немаат победа против Скопје на последните три натпревари. На првиот меч оваа сезона одиграа нерешено со 1:1.

„На секој натпревар му пристапуваме посебно. Секако дека извлековме поуки од претходните дуели и верувам дека овој пат ќе биде поинаку. Се надеваме дека со максимален ангажман од сите нас, без потценување на противникот, ќе ги освоиме трите бода. Најважно е да ја одиграме нашата игра и да наметнеме ритам. Не треба да се оптоваруваме со традицијата. Како тим мора да пристапиме максимално сериозно ако сакаме бодовите да останат во Струга. Верувам дека ќе ја контролираме играта и ќе доминираме на натпреварот“, заврши капитенот на Струга Трим Лум.

 

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

Боjаниќ се врати во Охридската Тврдина: „Чудно е да се загревам на спротивната страна“

Средбата со поранешниот клуб секогаш носи посебни емоции, а за Владимир Боjаниќ гостувањето во Охрид беше прилика повторно да се врати во салата...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

(ФОТО) Растодер постигна гол, Мекгин пресуди од пенал: Македонија поразена во Глазгов

Македонската фудбалска репрезентација загуби од Шкотска со 2:1 на „Хампден парк“ во Глазгов, во петтото коло од Б-сегментот на Лигата на нациите. Избраниците...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!