ИнтернационалциФудбалФутсал

ФОТО: Врхника го прегази Макаби Нетанја во вториот дел, шампионот на Словенија убедлив против шампионот на Израел

Сподели
Сподели

Шампионот на Словенија, Врхника со победа од 8:1 над Макаби Нетанја, кој е шампион на Израел ја отвори групата А во претквалификациите за Лигата на шампиони, херој е Гашпер Трдин, а победата доаѓа преку пресврт.

Израелскиот шампион со сили за едно полувреме, шампионот на Словенија се разигра во вториот дел.

Израелскиот тим го отвори резултатот со гол на Адам Кохен за водство од 0:1, а до крајот на првиот дел Трдин погоди за 1:1.

Во вториот дел Трдин донесе водство од 2:1 за голема радост на навивачите од Словенија, а потоа Ерик Новак зголеми на 3:1.

По овој резултат во целост се распадна израелскиот шампион со два брзи гола на Лука Летнар за убедливи 5:1.

Во продолжението од мечот Новак постигна погодок за превисоки 6:1 со што продолжи да се тресе мрежата на Макаби Нетанја. Грешката во одбраната на израелскиот тим резултираше за предност од 7:1 со голот на Жан Зупанчиќ. Вистински дебакл се случи откако на три минути до крајот беше постигнат осмиот гол, кој беше дело на Жига Франк, а тоа беше и конечниот резултат.

Од 20 часот македонскиот шампион Проект ќе игра против шампионот на Австрија, Грац кој е домаќин на групата.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Пролет ја доби драмата и славеше над Драчево Јуниор, Аеродром славеше со 20 гола разлика над Сокол Саса, убедлива победа за Овче Поле

Ланскиот суперлигаш Пролет ја доби драмата со Драчево Јуниор во гости откако славеше со 33:34 во мечот од 8. коло на Првата ракометна...

Ракомет

Богданци се мобилизира за првата победа на Младост 1977 – клубот повика на полна сала „Млаз“ против Тиквеш!

Ракометна мобилизација во Богданци! Младост 1977 денес го пречекува Тиквеш од Кавадарци во натпревар од деветтото коло на македонската ракометна Суперлига, а од...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

(ВИДЕО) Димоски: Шкендија има најголем квалитет во лигата, во Штип одиме по трите бодови!

Лидерот во Првата македонска фудбалска лига, Шкендија, денес ќе гостува во Штип,...

ИнтернационалциФудбал

Тренчовски го освои „Људски врт“: Олимпија со Митровски славеше во големото дерби

Југослав Тренчовски и Димитар Митровски се радуваа на вредна победа во словенечкото...

Втора лигаФудбал

Како изгледа табелата во Втора лига пред комплетирање на 10. коло ?

Денес ќе биде комплетирано десеттото коло во Втората македонска фудбалска лига, а...

ФудбалФутсал

Црна Река подготвена патува во Штип за дербито со Мал Ајакс

Денес во Штип ќе се одигра дербито на 3. коло во Втората...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!