Прва лигаФудбал

Нова фуриозна победа на Брегалница: Башкими со голем пораз на „жешкиот терен“ во Штип

Сподели
ФОТО: ФК Брегалница
Сподели



Брегалница забележа висока победа од 3:0 над Башкими во меч кој вечерва се одигра во Штип во рамки на 4. коло на Првата македонска фудбалска лига. Брегалница на домашен терен игра во фантастична форма – голманот Амир Јашар има чиста мрежа по вторпат за уште една убедлива победа на домашен терен откако таква висока победа имаше и над Арсими (4:0) од второто коло.

„Сините“ одиграа перфектен натпревар, а Башкими стигна до нов висок пораз и со тоа единствен тим кој не само што нема освоено бод, туку нема постигнато ниту гол.

Во 23. минута „сините“ на Никола Кузманов го отворија резултатот за водство од 1:0 преку голот на Иван Глигоров Со минималната предност Брегалница замина и на полувреме.

Атмосферата на стадионот беше одличната, трибината беше преполна, а верните навивачи даваа силна поддршка. Во таква одлична атмосфера Брегалница во 56. минута стигна до двојна предност преку голот на Давид Калпачки, кој продолжува со одличната игри во Брегалница како и во претходните две сезони кога го предводеше штипскиот тим на патот кон Прва лига.

Башкими се обидуваше да заигра нешто подобро, но на „жешкиот“ терен одеше тешко, откако во 73. минута Иван Глигоров постигна втор гол за предност од убедливи 3:0.



Во завршните моменти Амир Јашар ја сочува чиста својата мрежа и со тоа Брегалница има позитивна гол разлика од осум постигнати, а има примено шест гола, додека пак Башкими е со гол разлика од минус 15 односно ниту еден постигнат гол, а примени дури петнаесет погодоци.

Во следното коло Брегалница ќе има незгодно гостување кај Струга Трим Лум, а пак Башкими на домашен терен ќе бара прв позитивен резултат против Шкендија Арачиново.



Тренерот на Башкими, Шабан Сулејмани го очекува тежок период за стабилизација на клубот, тој го водеше денес по вторпат прволигашот од Куманово, откако го презеде по второто коло, дебитираше со пораз од Арсими (1:0) во гости, а сега се соочи со нов пораз овој пат во Штип од Брегалница со 3:0.



Сподели

Не пропуштајте

Останато

Сопиште доби ново мултифункционално спортско игралиште

Жителите на Општина Сопиште од денеска имаат современ и функционален спортски простор, откако беше пуштено во употреба реконструираното мултифункционално игралиште, реализирано со поддршка...

Останато

Мохамед Атум пристигна во Македонија,18 млади пинг-понгари на камп во Пехчево

Мохамед Атум од Јордан, тренер од мрежата на Меѓународната пинг-понг федерација (ITTF), заедно со селекторот на македонската репрезентација, Миленковиќ, беа во посета на...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Никола Анчевски се врати дома: Анче повторно во дресот на шампионот Проект

Шампионот Проект во еден ден претстави три нови засилувања, по промоциите на...

ФудбалФутсал

Кирил Неделков е ново засилување на шампионот Проект

Македонскиот шампион Проект промовираше уште едно засилување, Кирил Неделков промовиран во тимот...

КупФудбал

КУП: Третолигашот Крошу Спорт против фаворитот Тиквеш во Неготино

Утре на Градскиот стадион во Неготино ќе се одигра уште еден меч...

ФудбалФутсал

Шампионот Проект се засили со младиот Андреј Коцевски

Македонскиот футсал шампион го претстави првото засилување за новата сезона, Андреј Коцевски...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!