Прва лигаФудбал

Асани: Посакуваме да останат трите бодови дома во Куманово

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

По тешкиот старт на сезоната и убедливиот пораз од Силекс (0:6) во Кратово, Башкими денеска ќе има можност пред домашната публика да покаже реакција и да стигне до првите бодови во шампионатот.

Кумановскиот тим го очекува сериозен предизвик, бидејќи во гости доаѓа Тиквеш, кој во првото коло одигра одлично и со високи 5:1 го совлада Арсими.

Иако против себе ќе има мотивиран и самоуверен противник, во редовите на Башкими веруваат дека можат да дојдат до позитивен резултат. Рахман Асани е свесен дека задачата нема да биде лесна, но порачува дека целта на тимот е јасна – со максимален ангажман да се стигне до победа и првите три бода пред своите навивачи.

„Пред нашите навивачи нè очекува исклучително важен дуел против Тиквеш. Се соочуваме со квалитетен и добро организиран состав, но Башкими на домашен терен секогаш диктира темпо и игра со посебна енергија“, истакна Асани.

Управата на кумановци беше исклучително активна на пазарот, комплетирајќи дури десет нови засилувања во преодниот рок. Се очекува новата крв во тимот драстично да го подигне квалитетот и да донесе посакуван импулс. Асани верува дека спојот од новите засилувања и поддршката од трибините ќе ја донесе првата радост во новата сезона.

„Ни треба поддршка од првата до последната минута. Потребен ни е секој еден навивач. Заедно одиме по првата победа за трите бода да останат во Куманово“, порача Асани.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

ФОТО: Готен пред верната публика во Подареш го декласираше Илинден од Добрејци со ШЕСТ гола

Четвртолигашот Готен од радовишкото село Подареш продолжува со подготовките за враќањето на фудбалската сцена, а во последниот пријателски натпревар пред стартот на сезоната...

Останати репрезентацииРепрезентација

(ФОТО) Историски успех за Изабела Зајков: Бронза на Светското првенство во самбо!

Голем успех за македонското самбо и македонскиот спорт! 15-годишната радовишанка Изабела Зајков освои бронзен медал на Светското првенство во самбо за кадети, кое...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

ФОТО: Готен пред верната публика во Подареш го декласираше Илинден од Добрејци со ШЕСТ гола

Четвртолигашот Готен од радовишкото село Подареш продолжува со подготовките за враќањето на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!