Прва лигаФудбал

Гафури: Навивачите да продолжат да веруваат, ние ќе дадеме максимум

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Капитенот на Арсими, Арѓенд Гафури, верува дека неговиот тим ќе одигра многу подобро на гостувањето кај Брегалница во второто коло од Првата фудбалска лига.

По лошиот старт на сезоната, Гафури смета дека екипата имала доволно време да ги анализира направените грешки и да ги отстрани слабостите. Тој очекува Арсими во Штип да покаже карактер и да одигра далеку поквалитетен натпревар, со кој ќе се обиде да стигне до позитивен резултат.

 “Не го започнавме првенството онака како што посакувавме и свесни сме дека резултатот од првото коло не беше во согласност со нашите очекувања и очекувањата на навивачите. Во изминатите две недели работевме напорно, ги анализиравме грешките и верувам дека напредувавме во повеќе сегменти  и во играта, и во организацијата, како и во самодовербата на тимот”, изјави Гафури.

Говорејќи за претстојниот дуел во Штип, капитенот истакна дека Арсими го респектира квалитетот на Брегалница, но верува дека неговата екипа може да стигне до позитивен резултат.

“Свесни сме дека нe очекува тежок натпревар против Брегалница. Го знаеме квалитетот на противникот, но веруваме во нашите можности и во работата што ја завршивме на тренинзите. Во Штип патуваме со јасна цел  да освоиме позитивен резултат”, нагласи капитенот на Арсими.

На крајот капитенот испрати порака до нивните навивачи да дојдат во што поголем број за да можат да им ја дадат максималната поддршка на натпреварот и да ги освојат бодовите дома.

“Ги повикувам нашите навивачи да продолжат да бидат со нас. Првенството е долго и убеден сум дека со напорна работа и посветеност ќе ги оствариме нашите цели. Ќе го дадеме максимумот на секој натпревар за да ги израдуваме сите што го сакаат “

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останато

(ФОТО) Штип УГД ја освои Струмица: Шампионот славеше во големото одбојкарско дерби по вистинска драма!

Актуелниот македонски одбојкарски шампион Штип УГД продолжува со максимален ефект во новата сезона. Штипјани славеа на гостувањето кај поранешниот шампион Струмица со 1:3...

Втора лигаФудбал

Брера оди по победа во Радовиш, Детонит Плачковица брани бодовна предност над Новаци

АП Брера Струмица гостува кај Детонит Плачковица со можност да се израмни по бодови со третопласираниот Работнички. Струмичани се четврти со 18 бода...

Поврзани написи
✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!