Прва лигаФудбал

Вареловски: Без потценување, целта се нови три бода

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Башкими и Тиквеш со сосема различно расположение го дочекуваат денешниот меѓусебен дуел во Куманово. Домашниот тим сака да го заборави лошиот старт на сезоната и убедливиот пораз од 6:0 против Силекс во Кратово.

Кавадарчани, пак, пристигнуваат со значително поголема самодоверба, откако во првото коло со одлична игра го совладаа Арсими со убедливи 5:1 и на најдобар можен начин го отворија новото првенство.

Иако Тиквеш важи за фаворит во оваа пресметка, во кавадарчани се свесни дека ги очекува незгоден противник. Затоа пристапот ќе биде максимално сериозен и без потценување, со единствена цел – да се продолжи победничкиот старт и од Куманово да се заминe со нови три бода.

„Треба да бидеме внимателно. После тоа прво коло кое заврши добро за нас, а лошо за Башкими, не смее премногу да не залажува, затоа што првите натпревари не се секогаш мерило како ќе се одвива сезоната. Како и да е, ние нормално дека ги респектираме, но си имаме наши амбиции, а тоа се да освоиме што повеќе бодови на стартот на сезоната, за добар пласман на крајот“, рече Александар Вареловски, капитенот на екипата на Тиквеш.

Натпреварот помеѓу Башкими – Тиквеш се игра денеска на стадионот „Башкими“ во Куманово со почеток во 17 часот.

 

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!