ИнтернационалциФудбал

Македонската репрезентативка Александра Марковска прави трансфер во Турција!

Сподели
ФОТО: Haymanaspor
Сподели

Македонската репрезентативка Александра Марковска прави нов интернационален чекор во кариерата. 29-годишната фудбалерка потпиша едногодишен договор со турскиот клуб Хајманаспор, каде што ќе настапува во новата сезона.

Фудбалерката за врска зад себе има богата домашна кариера и едно интернационално искуство во Србија.  Нејзиниот фудбалски пат започна во Билјанини Извори, по што настапуваше за Тиверија и ЖФК Кочани. Потоа следуваше период во ЖФК Скопје, а првиот интернационален предизвик го имаше во Србија, каде што го носеше дресот на Спартак Суботица.

По искуството во Србија, Марковска се врати на домашната сцена и настапуваше за Атлетико, Истатов и Цевитана, последниот ангажман во ЖФК Љуботен.

Токму во тетовскиот клуб Марковска ја имаше и улогата на капитен, преземајќи ја одговорноста како една од поискусните фудбалерки во екипата.

Сега пред неа е нов предизвик во кариерата. Со потписот за Хајманаспор, македонската репрезентативка повторно ќе игра надвор од земјава и ќе добие можност да се докаже во турскиот женски фудбал.

За Марковска ова е уште една значајна пресвртница во кариерата, која ја гради преку настапи во повеќе македонски клубови, искуство во странство и репрезентативниот дрес. Во Хајманаспор ќе се обиде со своето искуство и квалитет да му помогне на новиот клуб во предизвиците кои следуваат во новата сезона.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

ФОТО: Готен пред верната публика во Подареш го декласираше Илинден од Добрејци со ШЕСТ гола

Четвртолигашот Готен од радовишкото село Подареш продолжува со подготовките за враќањето на фудбалската сцена, а во последниот пријателски натпревар пред стартот на сезоната...

Останати репрезентацииРепрезентација

(ФОТО) Историски успех за Изабела Зајков: Бронза на Светското првенство во самбо!

Голем успех за македонското самбо и македонскиот спорт! 15-годишната радовишанка Изабела Зајков освои бронзен медал на Светското првенство во самбо за кадети, кое...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

ФОТО: Готен пред верната публика во Подареш го декласираше Илинден од Добрејци со ШЕСТ гола

Четвртолигашот Готен од радовишкото село Подареш продолжува со подготовките за враќањето на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!