Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Дејан Стојановски: Го направивме првиот чекор, сега целосно сме насочени кон Исланд

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Македонската кадетска репрезентација со убедлив триумф над Кипар го започна настапот на Европското првенство од Дивизијата „Б“. По натпреварот, селекторот Дејан Стојановски изрази задоволство од енергијата и пристапот на своите избраници, но истакна дека тимот има простор за подобрување.

Стојановски посебно ја истакна поддршката од трибините и атмосферата која ја создадоа навивачите, посочувајќи дека токму таква енергија сакал да види и од своите кошаркари.

„Добар прв чекор. Како што кажав и пред почетокот на првенството, одиме чекор по чекор.

Задоволен сум од енергијата што ја покажаа момците. Токму тоа сакавме да го видат и нашите навивачи. Воодушевен сум од поддршката од трибините и се надевам дека утре ќе имаме уште поголема публика.

Секако, има работи што мора да ги поправиме. Имавме премногу загубени топки и тоа не смее да ни се повторува. Против ваков противник, во одредени моменти требаше да играме помирно и пострпливо. Но, ова се млади момци, атмосферата ги понесе и тоа е разбирливо.

Од овој момент целосно сме насочени кон следниот натпревар. Ќе го анализираме Исланд и ќе се подготвиме максимално, затоа што сакаме да го направиме и вториот чекор, односно да стигнеме до нова победа.

Очекувам Исланд да игра со многу енергија, па ќе мора да бидеме подготвени за голема борба во скокот. Ако успееме да го контролираме тој сегмент од играта, ќе можеме да трчаме, а тоа е стилот што го сакаме – брза кошарка со што повеќе отворени шутеви.“

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Мега дерби во Свети Николе: Овче Поле – Победа Валандово, влез 100 денари

Денес на Градскиот стадион во Свети Николе ќе се одигра дербито на 4. коло во Третата лига – Регион 3, во кое силите...

ФудбалФутсал

Форца со шампионски амбиции: Лигата и Купот се главните цели, претставени новите засилуања

Поранешниот шампион Форца со големи амбиции влегува во новата сезона во Првата македонска футсал лига. По две последователни шампионски титули во сезоните 2023/24...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија повторно без гол и без бодови: Шкотска со триумф си замина од Скопје

Фудбалската репрезентација на Македонија продолжува без победа и без постигнат гол во...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

СТАРТНИ СОСТАВИ: Македонија против Шкотска ќе напаѓа со Миовски и Елмас

Македонија вечерва од 20:45 часот ја пречекува Шкотска на Националната арена „Тодор...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

ФФМ: Точни информации за цените и распределбата на билетите за Македонија – Шкотска

Фудбалската федерација на Македонија сподели информација околу билетите, како што велат од...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!