Втора лигаФудбал

Рефет Синани се раздели со Камјани по историската сезона: Младиот фудбалер заминува од новиот второлигаш

Сподели
Сподели



Еден од најзаслужните фудбалери за историскиот успех на Камјани, Рефет Синани, официјално се раздели со клубот по сезоната во која тимот испиша историја. Камјани најпрво ја освои шампионската титула во Третата лига – Запад, а потоа преку бараж натпревар ја совлада Победа Валандово и за првпат обезбеди пласман во Втората македонска фудбалска лига, каде ќе дебитира во сезоната 2026/2027.

Дваесетгодишниот Синани беше еден од клучните фудбалери во историската сезона на клубот. Настапува како заден играч за врска, а со успех може да одговори и на позициите десен и лев бек, што го прави исклучително корисен фудбалер кој може да покрие повеќе позиции во тимот.

Во Камјани пристигна од Вардар Брвеница и веднаш се наметна како големо засилување. Претходно настапуваше и за ЕС од Тетово, Ренова и Дрита Боговиње, а своите први фудбалски чекори ги направи токму во Камјани, клубот од кој потекнува.

По разделбата, Синани преку емотивна објава се прости од својот матичен клуб, истакнувајќи дека Камјани секогаш ќе има посебно место во неговото срце.

„Денес ставам крај на едно многу важно поглавје од мојата фудбалска кариера. Со големи емоции се разделувам од клубот од моето село, КФ Камјани – клуб што секогаш ќе зазема посебно место во моето срце.

Имав чест да бидам дел од приказна што долго ќе остане во сеќавањето на сите. Заедно успеавме да го внесеме клубот во Втората лига – историски успех, бидејќи тоа беше првпат КФ Камјани да стигне до тоа ниво. Горд сум што бев клучен играч во тој тим и што го дадов својот максимум на секој натпревар, борејќи се за дресот и боите на клубот.

За жал, секое патување мора да заврши. Одлуката да заминам воопшто не беше лесна, но беше резултат на различни околности. Главната причина беше недостатокот на транспарентност од страна на управата и начинот на кој се постапуваше во одредени ситуации; овие фактори ме натераа да сфатам дека е време да продолжам понатаму.

Сепак, тоа никогаш нема да го промени почитувањето и љубовта што ги чувствувам кон КФ Камјани. Искрено се надевам дека клубот ќе продолжи да расте и да постигнува уште поголеми успеси, искачувајќи се до височините што навистина ги заслужува.

Посебна благодарност до сите навивачи. Вие бевте нашата сила на секој натпревар – и во победите и во тешките моменти. Ви благодарам за поддршката, довербата и љубовта што ми ги покажавте во текот на овој период. Без вас, оваа приказна немаше да биде иста.

На сите им посакувам успех, а пред сè, на КФ Камјани му посакувам сè најдобро во иднина. Ви благодарам за сè“, порача Синани.

Заминувањето на Синани претставува значајна промена за Камјани пред дебитантската сезона во Втората македонска фудбалска лига. Со своите игри и придонес, младиот фудбалер остави силен белег во најуспешната сезона во историјата на клубот, а останува да се види каде ќе ја продолжи својата кариера.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

„Добро бевме подготвени за натпреварот, а тоа го покажавме и на теренот“ – Ивановски по триумфот на Охрид во Езерското дерби!

Охрид убедливо го доби Езерското дерби, откако „гладијаторите“ со сигурна и доминантна игра славеа над Струга со 33-16. Избраниците на Борис Ројевиќ уште...

Кошарка

Суперкупот и купот на Македонија ќе се игра во Куманово, потпишана е соработка со КФМ

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, потпиша Меморандум за соработка со Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ), со што дополнително се зајакнува партнерството меѓу...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Вардар испушти победа во Куманово: Башкими се врати во финишот за 3-3

Актуелниот македонски шампион Вардар пропушти голема можност да стигне до нова победа...

Втора лигаФудбал

Македонија ЃП со Темелков до втора сезонска победа, Камјани со минимален поразен 

Македонија Ѓорче Петров стигна до втората сезонска победа во Втората македонска фудбалска...

Трета лигаФудбал

Шест региони, 74 екипи и една цел – стартува новата сезона во Третата македонска лига

Новата сезона во Третата македонска фудбалска лига 2026/27 започнува овој викенд, а...

Втора лигаФудбал

Голема трагедија: На само 21 година загина поранешен фудбалер на Тетекс

Тажна вест го потресе тетовскиот и македонскиот фудбал. На само 21 година...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!