Младински фудбалФудбал

ФК Детонит Плачковица врши уписи, утре стартуваат подготовките на младинскиот погон

Сподели
Сподели

Фудбалскиот клуб Детонит Плачковица од Радовиш врши упис на нови членови за генерации 2014, 2015, 2016, 2017, 2018, 2019 и најмладите родените 2020 година.

Тренинзите во ФК Детонит Плачковица се бесплатни, а сите заинтересирани може да се пријават на 078 247 081 или пак да дојдат директно на стадионот.

Тренинзите ги водат лиценцирани фудбалски тренери со долгогодишно искуство во фудбалот, со што сите деца ќе имаат средина каде правилно ќе се развиваат и ќе напредуваат во развојот на нивните кариери.



Воедно, ФК Детонит Плачковица утре (4 август) ќе означи старт на летните подготовки со младинските категории, а првата прозивка е закажана за 18:30 часот на Градскиот стадион во Радовиш. Клубот нуди одлични услови за работа со комплетна опрема.

Детонит Плачковица важи за најголемото фудбалско семејство во Радовиш и регионот.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

ФОТО: Готен пред верната публика во Подареш го декласираше Илинден од Добрејци со ШЕСТ гола

Четвртолигашот Готен од радовишкото село Подареш продолжува со подготовките за враќањето на фудбалската сцена, а во последниот пријателски натпревар пред стартот на сезоната...

Останати репрезентацииРепрезентација

(ФОТО) Историски успех за Изабела Зајков: Бронза на Светското првенство во самбо!

Голем успех за македонското самбо и македонскиот спорт! 15-годишната радовишанка Изабела Зајков освои бронзен медал на Светското првенство во самбо за кадети, кое...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

ФОТО: Готен пред верната публика во Подареш го декласираше Илинден од Добрејци со ШЕСТ гола

Четвртолигашот Готен од радовишкото село Подареш продолжува со подготовките за враќањето на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!