Прва лигаФудбал

Башкими може да ја стигне Брегалница, Арсими да ја згусне табелата во долниот дел

Сподели
ФОТО: ФК Струга Трим Лум
Сподели

Најава и анализа на 13. коло во Првата македонска фудбалска лига

Дербито меѓу Струга и Шкендија ќе го привлече вниманието кон врвот, но две неделни средби можат да ја сменат сликата во долниот дел од табелата. Брегалница има 13 бода, а Арсими и Башкими по 10. Со победа над штипјани, Башкими ќе се израмни со нив по бодови. Ако во истото коло победи и Арсими, трите екипи ќе имаат по 13 бода.

Башкими ја пречекува Брегалница на 8 ноември од 12 часот во Куманово, откако во претходното коло го совлада Арсими со 2:1. Брегалница, пак, загуби дома од Шкендија со 1:2, едно коло по гостинската победа од 3:4 токму против Арсими. Победа во Куманово би ги однела штипјани на 16 бода и би им донела шест бода предност над Башкими.

Еден час подоцна, Арсими во Гостивар ја пречекува Шкендија Арачиново. По поразите од Брегалница и Башкими, Арсими има шанса да ја намали разликата до арачиновци од пет на два бода. Шкендија Арачиново доаѓа по ремито од 1:1 со Тиквеш, а со победа би се оддалечила на осум бода од неделниот противник.

Скопје ќе игра пред сите нив, в петок, 6 ноември, од 13 часот кај Тиквеш. Последнопласираниот тим освои бод против Силекс (0:0), но по 12 кола сè уште е без победа. Прв триумф би го однел на седум бода и привремено би го доближил на три до Арсими и Башкими, пред нивните неделни натпревари.

Шампионот Вардар е без право на грешка по поразот во дербито со Струга на домашен терен, но Силекс, пак, сака да го добие шампионот и да да дојде на минус еден од него. Средбата се игра в сабота од 13 часот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Башкими може да ја стигне Брегалница, Арсими да ја згусне табелата во долниот дел

Најава и анализа на 13. коло во Првата македонска фудбалска лига Дербито меѓу Струга и Шкендија ќе го привлече вниманието кон врвот, но...

Кошарка

ТФТ бара прва победа во АБА 2, а Херцеговац оди по втор триумф

ТФТ Скопје денеска од 18 часот, му гостува на Херцеговац во второто коло од групната фаза на АБА 2. Минатосезонскиот финалист ја бара...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

Напредок Радово со „петарда“, службена победа за Готен, Грозд до лото победа

Грозд прослави лото победа откако на домашен терен со убедливи 7:1 го...

Прва лигаФудбал

Колото се отвара во петок, дербито меѓу Струга и Шкендија се игра во сабота

Познати е распоредот на натпреварите за 13. коло на Првата македонска фудбалска...

ИнтернационалциФудбал

(ФОТО) Брера Струмица подготвена за реваншот со Хофенхајм: Три гола негатива, но и голем мотив за ново европско докажување!

Македонскиот шампион Брера Струмица вечерва го одработи последниот официјален тренинг во Германија,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!