Останато

Ѓорческа елиминирана во првото коло на ВТА 125 турнирот во Рим

Сподели
ФОТО: ТФМ
Сподели

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот уште во првото коло на ВТА 125 турнирот во Рим, откако беше поразена од домашната тенисерка Дебора Киеза со 2:1 во сетови (6:7(1), 6:3, 6:3). Натпреварот траеше 162 минути.

Дуелот беше неизвесен и израмнет, а двете тенисерки уште еднаш покажаа дека добро се познаваат, бидејќи ова беше нивни шести меѓусебен натпревар во последните четири години. Во првиот сет двете направија по два брејка, а победникот беше решен во тај-брејк, каде што Ѓорческа по почетното водство на Киеза освои седум поени во низа и поведе со 1:0 во сетови.

Во вториот сет беа одиграни дури седум брејка во девет гема. Киеза успеа да ги добие првиот и последниот гем на свој сервис и со 6:3 го израмни резултатот. Во решавачкиот сет македонската тенисерка повторно имаше проблеми со сервисот, што Италијанката го искористи и направи три брејка за конечна победа.

Статистички, Ѓорческа реализираше шест брејка од 14 можности, додека Киеза искористи осум од своите 21 брејк-шанси.

Со овој триумф, Дебора Киеза го зголеми водството во меѓусебните дуели на 4:2.

За Ѓорческа следува нов предизвик веќе следната недела, кога ќе настапи на ВТА 125 турнирот во Палермо.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

(ФОТО) Атлетико го доби градското дерби со Топ Гол, Евгенија Костовска го реши меч

Атлетико ја продолжува фантастична победничката низа и одлична форма со нова победа, откако тимот на Никола Гелевски славеше во градското битолско дерби против...

Прва лигаФудбал

Радески го реши дербито со Вардар, Струга Трим Лум се доближи до врвот – Башкими со важна победа против Арсими!

Струга Трим Лум освои три големи бода во трката за шампионската титула, откако на гостувањето во Скопје го совлада Вардар со минимални 0:1,...

Поврзани написи
Останато

Штип УГД директно во главната рунда, на 9 декември ја пречекува Пјаченца

Македонскиот шампион Штип УГД, по завршувањето на своето премиерно учество во Лигата...

Останато

Младост го сопре Работнички, Наковски без загубен сет: Два тајбрека го одбележаа третото коло

Младост УГД ја забележа најтесната домашна победа во третото коло од женската...

Останато

Ристовски му честиташе на Христијан Бузалковски за европската вицешампионска титула

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска оствари средба со македонскиот мотоциклист Христијан...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!