Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Тодоровиќ: Овој тим има одлична хемија и суров квалитет

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Машката репрезентација на Македонија за кошаркари до 18 години влегува во завршниот дел од подготовките за настапот на Европското првенство од Дивизијата „Б“, кое ќе се одржи во Опатија и Ријека, Хрватска.

По двата контролни натпревари против Бугарија во Ботевград, селекторот Миодраг Тодоровиќ изрази задоволство од прикажаното, нагласувајќи дека и покрај бројните проблеми во подготвителниот период, тимот покажал карактер и квалитет.

„Задоволен сум од желбата и пристапот на сите натпревари. Имавме доста неочекувани повреди, присутен е и заморот од подготовките, што е сосема нормално во овој период. Но, овој тим го има најважното – одлична хемија и суров квалитет“, изјави Тодоровиќ.

Македонските јуниори во наредните денови ќе ги одработат последните тренинзи и ќе ги завршат подготовките пред заминувањето за Хрватска. Во конкуренција остануваат 14 кошаркари, а селекторот наскоро ќе го одреди конечниот состав што ќе ја претставува Македонија на Европското првенство во Опатија и Ријека.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

(ФОТО) Атлетико го доби градското дерби со Топ Гол, Евгенија Костовска го реши меч

Атлетико ја продолжува фантастична победничката низа и одлична форма со нова победа, откако тимот на Никола Гелевски славеше во градското битолско дерби против...

Прва лигаФудбал

Радески го реши дербито со Вардар, Струга Трим Лум се доближи до врвот – Башкими со важна победа против Арсими!

Струга Трим Лум освои три големи бода во трката за шампионската титула, откако на гостувањето во Скопје го совлада Вардар со минимални 0:1,...

Поврзани написи
Останати репрезентацииРепрезентација

Историски успех за македонското ски-планинарство: ФПСМ стана полноправна членка на светската федерација ISMF!

Македонското ски-планинарство испишува нова страница во својата историја! Федерацијата за планинарство на...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонската женска фудбалска репрезентација од 17 години го освоија второто место го групата

Репрезентацијата до 17 години во женска конкуренција во последниот натпревар на квалификацискиот...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Започнува продажбата на билети за Македонија – Словенија

Фудбалската федерација на Македонија ги информира навивачите и љубителите на фудбалот дека...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!