ФудбалФутсал

Црна Река со убедлива победа над Шутка 1, четири гола за Стојан Петковски

Сподели
Сподели



Поранешниот прволигаш Црна Река забележа убедлива победа во рамките на 6. коло на Втората футсал лига, совладувајќи го дебитантот Шутка 1 со убедливи 6:1.

Најрасположен вечерва во „Јасмин“ за погодоци беше Стојан Петковски кои постигнат четири гола, хет-трик комплетираше во првиот дел, а во второто полувреме постигна уште еден гол.

По еден гол во вториот дел постигнаа Лазар Мицев и Александар Михајлов, за гостинот единствен стрелец беше Армандо Алијевиќ.

Црна Река стигна до својот трет сезонски триумф, а пак Шутка 1 запиша втор пораз.

Во следното коло Црна Река како апсолутен фаворит ќе гостува во Прилеп каде ќе игра со „фенерџијата“ Победа.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Црна Река со убедлива победа над Шутка 1, четири гола за Стојан Петковски

Поранешниот прволигаш Црна Река забележа убедлива победа во рамките на 6. коло на Втората футсал лига, совладувајќи го дебитантот Шутка 1 со убедливи...

Прва лигаФудбал

Судиска анализа на ФФМ: Кардинална грешка на ВАР судиите, Вардар директно оштетен

Судискиот одбор на Фудбалската федерација на Македонија изврши стручна и детална анализа на клучната судиска одлука на натпреварот од 14. коло во Првата...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Судиска анализа на ФФМ: Кардинална грешка на ВАР судиите, Вардар директно оштетен

Судискиот одбор на Фудбалската федерација на Македонија изврши стручна и детална анализа...

Трета лигаФудбал

Илинден со максимални 33 бода есенски шампион, БВК Коњаре и Аеродром во тесна трка зад лидерот

Илинден ја заврши есенската полусезона во Третата лига – Регион 1 со...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Ас Јунајтед го доби Пелистер во Битола и се израмни на табелата

Фудбалерките на Ас Јунајтед од Струга со победа ја затвори есенската полусезона,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!