Ракомет

ФОТО: РК Радовиш го формира тимот за новата сезона, потпишани десет ракометари

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели



Ракометниот клуб Радовиш ги започна активностите околу формирањето на играчкиот кадар за сезоната 2026/27, откако официјално ги потпиша првите договори со ракометарите кои ќе го носат дресот на клубот во новата натпреварувачка година.

Во составот остануваат дел од играчите кои настапуваа и минатата сезона, а клубот укажа доверба и на неколку перспективни млади ракометари од сопствената младинска школа, кои со својата работа и развој заслужија место во сениорскиот тим.

Договори со Радовиш досега потпишаа: Филип Костадинов (бек), Александар Ристов (голман), Иванче Ончев (бек), Стојанче Ристов (крило), Васе Петров (бек), Илија Димов, Стефан Трајанов (бек – кадети), Трајче Манасиев (пикер – кадети), Стефан Велков (бек – кадети) и Александар Ѓоргиев (крило – кадети).

Радовиш во новата сезона ќе се натпреварува во Првата ракометна лига, откако минатата сезона испадна од Супер лигата. Во елитното друштво радовишани забележаа само една победа во шампионатот, додека на сите останати натпревари беа поразени, што резултираше со преселба во понизок ранг на натпреварување.



Од клубот најавуваат дека во периодот што следува ќе бидат претставени и останатите ракометари кои ќе го комплетираат ростерот, по што ќе започнат подготовките и одигрувањето на контролни натпревари пред стартот на сезоната.

Во Радовиш истакнуваат дека амбицијата е да се изгради силен и конкурентен тим кој ќе ги исполни поставените цели и достојно ќе ги претставува клубот, градот и навивачите. Сепак, засега од клубот не прецизираат дали главната цел е експресно враќање во Супер лигата или исполнување на други резултатски амбиции во Првата лига.

Во клубот веруваат дека комбинацијата од искусни ракометари и талентирани младинци, заедно со поддршката од публиката, ќе биде темел за подобри резултати во сезоната што следи, со надеж дека ова ќе биде почеток на едно ново и поуспешно поглавје за радовишкиот ракомет.



Сподели

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

(ФОТО) Готен сезоната ја отвара против Сачево, Василево против Струмешница, Единство налета на Спартмани

Вечерва беше извлечена ждрепката за новата сезона во Четвртата фудбалска лига во Струмица, односно Општинската лига, која стартува веќе во недела, а ќе...

Втора лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Охрид и Брера, Влатко Илиоски го доби дербито под рефлектори во Струмица

Викендот на програмата се натпреварите од 7. коло на Втората македонска фудбалска лига, а кое коло ќе се игра во два дена, односно...

Поврзани написи
Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти...

Ракомет

Вардар немоќен пред Висла Плоцк: Трет пораз за „црвено-црните“ во Лигата на шампионите

Ракометарите на Вардар 1961 го претрпеа третиот пораз во Лигата на шампионите,...

Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!