Турнири

Хотел и Спа Инекс Олгица и Др. Баткоски се „распукаа“ за влез во полуфиналето на „Петровден 2026“ во Мешеишта

Сподели
Сподели



Екипите на Хотел и Спа Инекс Олгица и Др. Баткоски многу лесно се пласираа во големото полуфинале на турнирот во мал фудбал „Петровден 2026“ во Мешеишта, откако вечерва буквално ги торпедираа своите противници со многу погодоци за високи и убедливи победи.

Хотел и Спа Инекс Олгица со резултат од 6:0 го „збриша“ составот на Охридски Бисер Филеви, меч кој во целост му припадна на расположениот Оливер Дишлиески со четири погодоци, а по еден гол постигнаа Александар Ѓорѓиески и Стефан Голабоски.

Др. Баткоски со „петарда“ ја отпиша Сатеска, откако „стоматолозите“ до убедливата победа стигнаа преку двојните стрелци Саше Алулоски и Филип Баткоски, а еден гол беше дело на Никола Шекуткоски, кој го отвори резултатот.

Утре на прогрмата ќе биде натпреварите од полуфиналето. Во 21 часот АСП Пак оди на мегдан против Златара Бени Ерол, а пак еден час подоцна Хотел и Спа Инекс на мегдан против Др. Баткоски.

Два натпревари кои ќе понудат повеќе од неверојатна „жешка“ атмосфера, Мешеишта утре ќе биде во центарот на малиот фудбал, „Петровден 2026“ нуди повеќе од неверојатно полуфинале и пресметки кои задолжително треба да се проследат.

Спортска Мрежа и годинава е медиумски покровител на овој спортски настан, кој го бележи своето 51. издание.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

(ФОТО) Штип УГД ја освои Струмица: Шампионот славеше во големото одбојкарско дерби по вистинска драма!

Актуелниот македонски одбојкарски шампион Штип УГД продолжува со максимален ефект во новата сезона. Штипјани славеа на гостувањето кај поранешниот шампион Струмица со 1:3...

Втора лигаФудбал

Брера оди по победа во Радовиш, Детонит Плачковица брани бодовна предност над Новаци

АП Брера Струмица гостува кај Детонит Плачковица со можност да се израмни по бодови со третопласираниот Работнички. Струмичани се четврти со 18 бода...

Поврзани написи
Турнири

Екипи од четири држави доаѓаат на Ohrid Winter Cup 2026, пријавувањето продолжува интересот ОГРОМЕН, услови одлични!

Голем број екипи од Македонија веќе пријавија учество на меѓународниот детски фудбалски...

Турнири

(ФОТО) Power Team го освои првиот Меморијален турнир „Горан Трајчев“ во Кратово

Екипата на Power Team е победник на првиот Меморијален турнир во мал...

Турнири

Охрид подготвен за нова фудбалска приказна: Од 5 до 8 декември ќе се одржи Ohrid Winter Cup 2026

Охрид во зимски амбиент ќе биде домаќин на меѓународниот младински фудбалски турнир...

Турнири

Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“ со награден фонд од 250.000 денари – Брвеница подготвува голем фудбалски спектакл

Брвеница и оваа година ќе биде домаќин на Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!