Кошарка

ТФТ слави во Чајетина и се пласира во полуфиналето на АБА 2!

Сподели
ФОТО: Кошаркарска федерација на Македонија
Сподели

Кошаркарите на ТФТ направија голем подвиг и обезбедија пласман во полуфиналето на плеј-офот во АБА 2 лигата, откако на гостински терен во Чајетина го совладаа Златибор со 90:80 и со вкупни 2-1 ја добија четвртфиналната серија.

Македонскиот тим одигра одличен натпревар и уште од самиот старт најави изненадување. Во првата четвртина ТФТ беше доминантен и со ефикасна игра брзо се одвои на двоцифрена разлика (26:12). На почетокот на втората четвртина, по поените на Ташовски, гостите имаа и максимални +15 (30:15).

Сепак, Златибор возврати и до крајот на првото полувреме ја намали негативата, па на пауза ТФТ имаше минимална предност од 38:36.

Во продолжението се водеше израмнета борба. Домашните дури и поведоа со 43:39, но избраниците на Боро Смилковски не дозволија резултатски пад. Со цврста игра и добра ротација, ТФТ остана во игра и во завршницата влезе со активен резултат (59:57 за Златибор по третата четвртина).

Одлучувачките моменти дојдоа во последниот период, кога ТФТ повторно го крена нивото на игра и направи клучна серија за водство од 73:67. Златибор се доближи на само еден посед (80:77), но во финишот Говенс, Стојаноски и Зафиров ја запечатија победата и донесоа недостижна предност за конечни 90:80.



Најефикасен кај ТФТ беше Говенс со 23 поени, на кои додаде осум асистенции и седум скока. Одлична поддршка имаше од Зафиров (14 поени, шест скока), Ташовски (13) и Дејвис (12). Посебно се истакна и младиот Стојанов, кој одигра фантастичен меч со максимален учинок од игра (2/2 за три, 3/3 за два), плус слободно фрлање, три асистенции и еден скок.

Во полуфиналето, ТФТ ќе се соочи со екипата на Сутјеска од Никшиќ. Серијата се игра на две добиени, со првиот натпревар закажан за 8 април во Никшиќ, реваншот на 15 април, а евентуалната мајсторка на 22 април – повторно на теренот на црногорскиот тим.



Сподели

Не пропуштајте

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Војдан Стојановски испиша историја – првиот македонски кошаркар со 100 настапи во националниот дрес!

Војдан Стојановски стана првиот кошаркар во историјата на Македонија со 100 настапи во националниот дрес, но големиот момент го засени поразот од Кипар...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

(ФОТО) Македонија потклекна во завршницата – Кипар славеше и покрај одличната партија на Димитријевиќ!

Македонската кошаркарска репрезентација го запиша првиот пораз во втората претквалификациска фаза за пласман на Европското првенство во 2029 година, откако во салата „Лазар...

Поврзани написи
Кошарка

ГКК Штип се засили со Американецот Синсир Паркер

ГКК Штип донесе екстра засилување за продолжението од сезоната во кошаркарската Суперлигата...

Кошарка

Мијатовиќ го одработи првиот тренинг, новата ера на МЗТ официјално започна

Со денешниот тренинг и официјално започна новата ера во стручниот штаб, предводена...

Кошарка

Феникс гази без милост, Охрид го урна непоразениот Гостивар, Вардар со пресврт се искачи на врвот!

Седмото коло од Првата македонска кошаркарска лига донесе значајни резултати во двете...

Кошарка

Вардар од минус 21 до голема победа во дербито, МЗТ го урна шампионот, Баскет кам и Пробаскет сигурни!

Петтото коло од „Шпаркасе Лајф“ Првата женска кошаркарска лига донесе големи возбудувања,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!