Трката за врвот во Првата лига се „разгорува“ иако Шкендија е на врвот, има само плус три бода од Струга Трим Лум и Шкендија Арачиново.
Тимот од Тетово има 20 бодови, а пак конкурентите имаат по 17 бодови од девет одиграни кола.
Но, според формата од последните пет средби, најдобар е Вардар со 11 бодови од можни 15 или форма од три победи и две ремија, додека пак Струга Трим Лум и Шкендија Арачиново имаат по десет бодови.
Тиквеш според формата од последните пет средби има девет бодови за четврти најдобар тим, додека пак вицешампионот Шкендија од Тетово нема форма за пофалба од последните пет средби бидејќи има само осум бодови со форма од две победи, две ремија и еден пораз.
- ТАБЕЛА ВО ПРВА ЛИГА СПОРЕД ФОРМАТА ОД ПОСЛЕДНИТЕ ПЕТ СРЕДБИ:

Башкими се разигра и влегува во форма за напредок кон средишниот дел од табелата, тимот од Куманово има седум бодови од последните пет бода, а пак Брегалница од 15 бодови има само четири.
Силекс игра очајно и на последните пет натпревари собра скромни четири бодови, колку што има и Арсими, а пак Скопје има само еден бод од последните пет средби.